Транспаренси Интернешнл, глобалната антикорупциска организација, на 25 јануари 2017 година го објави 22-от годишен Индекс за перцепција на корупцијата. Индексот рангираше 176 држави и територии според перцпецијата за нивото на корупцијата во јавниот сектор. Индексот за перцепција на корупцијата е водечки глобален индикатор за корупцијата во јавниот сектор, давајќи годишен преглед на релативниот степен на корупција преку рангирање на земјите ширум светот.
Република Македонија беше рангирана на 90-то место со резултат 37, упатувајќи на сериозен проблем со корупцијата во земјата.
Транспаренси Интернешнел и нејзиниот огранок во Република Македонија целосно ги поддржуваат наодите од Индексот за перцепција на корупцијата за 2016 година.
По повод информациите од Македонија кои прикажаа погрешна слика за методологијата на Индексот за перцепција на корупцијата, Транспаренси Интернешнл сака да разјасни како се формира резултатот за секоја земја поединечно.