Македонскиот институт за медиуми Ве поканува на доделувањето на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2016 година, што ќе се одржи на 7 март 2017 година, во Клубот на новинарите, со почеток во 11:00 часот.

MIM 07.3.2017

На годинешниот конкурс се пријавија 39 автори, со вкупно 69 стории обработени во 97 текста/прилози, објавени на Интернет портали, телевизии и во неделници.

Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува традиционално по шеснаесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.