Неформалната мрежа на граѓански организации од општините Липково, Куманово, Кратово и Старо Нагоричане продолжува со информативните средби поврзани со состојбата со миграциите. Новата средба ќе се одржи на 4 март 2016 година во општина Липково, во ресторанот „Панорама“, со почеток во 13 часот.

На информативната средба ќе биде идентификувана состојбата со миграцијата во општина Липково, проблемите со кои се среќаваат жителите, нивните потреби, ќе се разговара за тоа како да се создадат услови за намалување на невработеноста и како да се воспостават мерки за намалување на миграцијата.

Покрај граѓанските организации, на информативната средба се поканети и локалната самоуправа, бизнис секторот и сите заинтересирани граѓани.

Информативниот состанок е дел од проектот „Нова надеж-нови перспективи“, на здружението „Извор“ од Кратово, финансиран од Цивика мобилитас.