Неделата на културните различности е веќе традиционална манифестација на Здружението Мултикултура, која се одбележува по седми пaт. Завршниот настан се одржа на 26.05.2017 година во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

Неделата на културните различности овојпат вклучи најразлични активности како што се: промотивен ден, работилница која ги собра заедно децата од дневните центри од Гостивар и Тетово во име на нагласување на различностите; една студиска посета на културни споменици во различни градови со членовите на здружението; следеше работилницата за надминување на предрасудите и стереотипите со учество на млади луѓе од различна етничка припадност; а заврши со централната манифестација наречена „Ден на културните различности“.

 

Активностите организирани во рамките на овој ден беа:

  • Саемот на кариера на средните училишта во Тетово
  • Промовирање на здруженијата со штандови
  • Детското катче
  • Уметничкото катче, каде се промовираат нови таленти
  • Изложба со делата на учениците од средните училишта од Тетово
  • Дневен Центар катче
  • Традиционални јадења

Здружението Мултикултура е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации, посетете го нивниот профил.