Multikultura flaer MKОрганизацијата „Мултикултура“ од Тетово ја одбележува „Неделата на различности“ која ќе почне на 16, а ќе заврши на 20 мај 2016 година. Централниот настан ќе се одржи на 18 мај во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово, од 12 до 14 часот.

Multikultura flaer MK

Неделата на различности е недела исполнета со различни активности кои ги промовираат граѓаните на Тетово. Тие придонесуваат кон вредноста на градот и заедницата. И покрај сите разлики, граѓаните на Тетово имаат една заедничка цел: Да го направат градот поубаво место за живеење!

Мултикултура со задоволство ги поканува сите заинтересирани, заедно, традиционално да го одбележат – Денот на различности.

Дел од активностите се поддржани од програмата Цивика мобилитас.