Ашмет Елезовски од Националниот Ромски Центар

Двананесет млади девојки, средношколки и студентки од Македонија, Бугарија и Србија учествуваа на третиот по ред ромски медиумски тренинг програм „Буверо“ што започна нас 11-ти август и во следните девет дена се одржуваше на територијата на општина Старо Нагоричане, а во организација на Националниот Ромски Центар Куманово. Младите Ромки е се обучуваа за продукција на аудио-визулени материјали, креирање мрежи за комуникација и интеренет поврзување на младите од регионот.

Професионални предавачи ги обучуваа младите како да креираат новинарска приказна со фотографии и видео материјал, како да ја применат дигиталната технологија како алатка за обезбедување заштита на човековите права. Ова е прва тренинг програма на која учествуваа и девојки од други држави, по претходните две на кои учествуваа исклучиво млади Ромки од Македонија, кои имаа можност да ја зајакнат самодовребата и да работат на развој на личните капцитети кои им користат за професионално усовршување.

– Учеството на младите девојки и конкретно на ова група ми дава надеж дека има квалитетни млади кадри на кои треба да им се даде можност да се развијат и унапредат. Се надевам дека наредната година кампот ќе успееме да го подигнеме на уште повисоко ниво и ќе го организираме надвор од државата. И годинава, како и претходните ќе учествуваме на неколку фестивали со продукциите на учесничките во Холандија и Германија. Единствени сме во регионот, кои на младите девојки им даваат можност самите да ја креираат својата судбина, да се борат за своите права како жени, припаднички на ромската заедница, а потоа и самите да придонесат за развој на заедницата од каде поттекнуваат, изјави Ашмет Елезовски од Националниот Ромски Центар.

http://radiobravo.com.mk/emissions/ashmetelezovski22082017/

 

 


Националниот Ромски Центар го одбележа завршниот настан БУВЕРО 5 кампот 2017 was first posted on August 23, 2017 at 11:17 am.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com