10931101 1533130160270092 890383808573529929 nНевладината организација ТАКТ ве поканува на работилница на тема „Важноста на активностите за намалување на стрес во транзитните кампови во Македонија“ што ќе се одржи на 7 јули 2016 година во 12 часот во клубот ГЕМ (Менада) во Скопје.

На работилницата ќе се дискутира за досегашните активности во транзитните центри во Табановце и во Винојуг, ќе се направи краток осврт на минатата и сегашната состојба, а ќе се разговара и за предизвиците со кои се соочуваат активистите на терен. Од ТАКТ очекуваат да ги идентификуваат и следни чекори за намалување на стресната состојба кај мигрантите. Покрај презентациите и дискусијата, ќе биде подготвена и мала изложба на фотографии од активностите на тимот во транзитните центри. Работилницата и активностите во транзитните центри се дел од проектот „Стоплени срца“, поддржан од Цивика мобилитас.