Млад готвач, на пракса во Европскиот парламент, а веќе му подготви специјалитет на претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц. За него веројатно допрва ќе слушнеме. Горд Македонец, како што вели, роден во Франкфурт, школуван во Италија и на престижниот универзитет Cefppa Adrien-Zeller кај Стразбур. Тоа е Даниеле Роберто, 22-годишно момче кое својата љубов кон кујната ја открива од мали нозе. Завршил во угостителската гимназија во Торино, пет години. Потоа, бил меѓу четворицата кои годишно ги одбира унивезритетот Cefppa Adrien-Zeller. – Се школувам во Европскиот центар за професионална формација за угостителска индустрија за кој добив стипендија. Имав среќа да го поминам нивниот тест за упис. Мислам дека, меѓу другото, познавањето на францускиот јазик ми беше предност. Сега сум трета година. Следат уште две по кои ќе стекнам диплома и мастер во кулинарската уметност. Паралелно одам на курсеви кои ми овозможуваат алтернативна теорија и пракса во школото, плус практична