Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот 0800 12222
(бесплатна линија за корисниците на T-home)

По повод 17 – ти мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши како полноправна членка на Child Helpline International (CHI) – која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји ширум целиот свет ја информира јавноста дека оваа година кампањата за промоција на СОС телефоните низ целиот свет спроведува под мотото „Правото да бидеш слушнат„. Целта на оваа симболична кампања е да се зголеми видливоста и важноста на овие линии за помош и поддршка кои се од неопходно значење за децата, како и да се потикнат Влaдите во целиот свет да ги подржат СОС линиите за помош и поддршк. Затоа, на 17 мај заедно го одбележуваме фактот што ниедно дете не е само.
Постојат повеќе причини зашто децата се јавуваат на СОС бесплатниот број 0800 12222. Децата претставуваат ранлива група во секое општество. Тие се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. И затоа линиите за помош на деца им ја даваат можноста на децата да добијат помош и да ги изразат нивните проблеми. Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење и важност, бидејќи тие претставуваат значаен механизам на поврзување со децата што овозможува гласот на секое момче и девојче да биде слушнато. Нивната мисија е да одговорат на детските потреби за грижа и заштита. Добро е да се знае дека од помошта/поддршката децата ги дели само еден телефонски повик.
Пораката со која сакаме да го одбележиме 17 мај е следнава:
Секое дете има право да биде слушнато и да го искаже своето мислење.

Свесни за значењето на социјалните мрежи, нивното влијание и достапност кај децата, Детската амбсада Меѓаши ќе отвори посебна страна на социјалната мрежа facebook, каде децата, родителите, граѓаните ќе можат дасе инфромираат за начините на заштита на децата, нивните права и да пријавата случаи на злоупотреба или прекршување на правата на децата. На оваа страна дополнително ќе може да се обезбеди on line советување.

СОС телефонот за деца и малди 0800 1 22 22 постои 24 години и тоа е доказ за неговата, константантност, доследнот и важност во насока на заштита на децата и нивните права. Но, овој телефон овие години не претавува место на кое се информираат само децата, ние добиваме дојави најчесто од возраните кои се загрижени за состојбата со децата. Впозрасните подеднакво е важно што сакаат да се информираат за начните на заштита и превенција од занемарување и злоупотреба на децата.

Во текот на овие 24 години од работата на СОС телефонот за деца имлади при Првата детска амбaсада во светот Меѓаши потсетуваме дека:
• Регистрирани се 20.537 повици
• Сме посветиле 202.000 работни часови во помош и поддршка на децата.
• Повеќе од 200 волонтери и СОС оператори се обучиле за работа со деца. Своето време и знаење го посветиле во насока на заштита и грижа за децата
• Добро е да знаат сите деца и возрасни ( родители/старатели, баби, дедовци, соседи…) дека од помошта/поддршката, децата ги дели само еден телефонски повик.

Функцијата на СОС телефонот е од огромно значење и важност, бидејќи тој претставуваа значаен механизам на поврзување со децата. СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 овозможува гласот на секое момче и девојче да биде слушнат. Затоa сметаме дека е неопходно да потсетиме за важноста на Хармонизација со европскиот број 116 111 и финансиска оддржливост на СОС телефонот за деца и млади.
СОС телефон за деца и млади при Детска амбасада Меѓаши е поддржан од Child Helpline International во напорите кои ги прави за имплементирање на препораките од Комитетот за правата на детето при Обединетите нации кои Комитетот ги испрати до Владата на Република Македонија во Јуни 2010 година.
Овие препораки јасно упатуваат на тоа дека треба СОС телефонот за деца и млади при Детската амбасада Меѓаши да биде хармонизиран со меѓународниот број 116 111, да се овозможи на 24 часовна достапност од сите телефонски оператори и за добивање на финансиска поддршка од државата како и да се користи како извор на податоци при формирање на политиките и законите на правата на детето, секако се во најдобар интерес на децата.