Радио МОФ и Националниот младински совет на Македонија го започнуваат проектот „Младинска медиумска писменост“ со цел да се подигне свеста кај младите учесници за критичко размислување, за аналитичен пристап кон информациите кои ги добиваат од медиумите и способност за евалуација на содржината. Со растот на лажните вести и пропагандата, се јавува потребата од медиумска писменост кај младите кои секојдневно се изложени на низа манипулативни содржини.

Проектот ќе овозможи три викенд обуки за 60 млади од Скопје, Велес и Тетово кои ќе ги научат учесниците за медиумска писменост, пропаганда и разликата помеѓу етичко и неетичко новинарство; и една обука за граѓански организации која ќе биде насочена кон медиумската писменост, но и односите со јавноста односно како да се пренесат информации до таргет групите кои водат до општествена промена.

Се очекува тие да резултираат со продукција на едукативни содржини за слобода на изразување кај младите од маргинализираните заедници, без разлика на пол, етникум, социјален статус и сексуален и родов идентитет.

Проектот се спроведува со помош на грант доделен преку проектот„Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавност, а во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Младинскиот образовен форум е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации околу тоа погледнете го нивниот профил.