EKO GERILA REAKCIJA 1По грозниот чин на палење на отпадот во дивата депонија на влезот во градот Тетово, што повторно се случи на 9 јули 2016 година, околу 15 часот Еко Герила упатува

РЕАКЦИЈА:

Општина Тетово и надлежните општински органи уште еднаш ја докажаа нивната неспособност и незаинтересираност за менаџирање на ситуацијата со дивата депонија и палењето на отпадот. На сликите и видео-снимките што ни се испратени од многумина граѓани, веќе објавени низ социјалните мрежи, јасно се гледа како се пали отпадот. А пак надлежните општински власти се обидуваат категорично да го негираат.

EKO GERILA REAKCIJA 1

Градоначалничката на Тетово и општинската администрација на градот што граѓаните ги изгласаа, ги потсетуваме дека Тетово е најзагаден град во светот. Повеќе од јасно е дека загадениот воздух е причина за смртта на милиони жители во светот. Приоритетите што им ги понудивте на граѓаните за да ги наседнете за да добијте гласови, сега веќе целосно сте ги изгубиле. И на место да работите за тоа на нашите семејства да им нудите почиста животна средина, вие јавните пари ги трошите за да организирате бесконечни летни и зимски прослави и манифестации.

EKO GERILA REAKCIJA 2

Граѓаните на Тетово ќе знаат точно да ги оценат вашите последователни порази и ќе знаат точно како да ве казнат кога утре ќе тропнете на нивните врати за да им го барате гласот, што повеќе од очигледно го користите на штета на самите граѓани.