ДОКУМЕНТАЦИЈА


Автори: Ангела Рајчевска, Бјанка Станковиќ, Кристина Атовска

 

Државата издвојува 266 илјади евра годишно за ангажирање на посебни надворешни советници, кои имаат за задача да ги советуваат министрите и останатите носители на државни функции за што поефикасно да ги извршуваат нивните задачи.

Оваа сума, до која дојде СКУП, се троши за 34 „посебни советници“, кои се ангажирани само во 13 министерства.

Членот 27 од Законот за административни службеници, дополнително ги опишува со звање, нивоата во рамките на категориите на административните службеници, меѓу кои и: Б1 – државен советник,  В1 – советник. Додека, членот 22 од Законот за вработени во јавен сектор, предвидува до 3 посебни советници во кабинетот на министерот.

Првите се вработуваат согласно законот и мора да положат одредени испити за работна позиција. Станува збор за кариерните службеници. Другите се така примени, дали се партиски војници, дали навистина има потреба од нив, едноставно се полни администрацијата и го оптоваруваат буџетот на Македонија“,објаснува Борче Давитковски, универзитетски професор од областа на административно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

 

Министерство Име и презиме Функција Надоместок Телефонски трошоци Патни трошоци Мандат
Министерство за внатрешни работи Славјанка Петровска Државен советник – шеф на кабинет на министерот 41,454
Љубица Јакимовска Државен советник – правни работи 41,454
Кирил Митиќ Државен советник – полициски и криминалистички работи 41,454
Драган Симоновски Кривична Пријава 41,454
Стојанче Ангелов Државен советник – полициски и криминалистички работи 41,454
Живко Темелкоски Државен советник – финансиски работи 41,454
Реџепи Муамет Државен советник – стратешко планирање и развој за УБК 41,454
Даме Ложанкоски Генерален советник за правни работи 41,454
Ветон Кранлиески Генерален советник за финансиски работи 41,454
Сунчица Алексовска Генерален советник за управување со човечки ресурси 41,454
Оливер Лукароски Генерален советник за организациски работи 41,454
Рефик Черими Генерален советник за организациски работи 41,454
Митко Бојмацалиев Виш советник за меѓународна соработка 41,454
Љубиша Ристовски Државен советник – полициски и криминалистички работи 41,454
Андријана Савеска Павловска Самостоен советник за меѓународна соработка во кабинетот на министерот 41,454
Раде Јанковски Договор на дело 25.12.2017 – 25.12.2018

 

Министерство за животна средина и просторно планирање Гилџане Саќипи Посебен советник за евро интеграции и меѓународна соработка 42000 Ангажирана од 25.7.2017 редовно вработена како надворешен советник на министерот според новиот закон
Министерство за образование Наташа Јанковска Посебен советник за наука и истражувачка дејност 37054 1,180  

 

Вработени на определено време со траење до истекот на мандатот на функционерот

1.7.2017
Љубица Караманди Попчевски Посебен советник за иновации и иновациска дејност 38499 1,180 1.7.2017
Маринела Маричиќ Тушева Посебен советник за проекти во образованието и науката 38670 1,180 5.8.2017
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски Правни, земјоделски науки и новинарство 35000 до крајот на мандатот на министерот во чиј кабинет се распределени
Трајче Ангеловски Правни, земјоделски науки и новинарство 35000
Соња Трпчевска Јанковска Правни, земјоделски науки и новинарство 35000
Министерство за информатичко општество и администрација Кристина Димовска Посебен советник за меѓународна сoработка 37071 1,180 5.7.2017
Павлинка Најдова Посебен советник за оперативни и административни работи 36809 5.7.2017
Марија Теговска Посебен советник за односи со јавност 36989 25.7.2017
Министерство за надворешни работи Јане Лазевски Посебен советник за односи со јавност 32007 Договор на определено време од 8.8.2017

 

 

Министерство за транспорт и врски Ана Ѓорѓиоска Советник за урбанизам и градежни работи 39430 Согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор во Министерството за транспорт и врски се превидени три работни места за посебни советници 19.7.2017
Александра Павлоска Советник за правни работи 37260 8.8.2017
Викторија Јовчески Спиркоска Советник за економски работи 39067 9.8.2017
Министерство за локална самоуправа Зунет Јусуфи Помагање во работењето на кабинетските службеници и во спроведување на работи кои бараат поглема стручност, самостојност и одговорност 40000 1.7.2017
Мервин Ислами Помошно технички работи и задачи 24000 21.11.2017
Таибе Емини Кабинетски службеник Додаток на плата во износ од 0% од основна плата 1.8.2017
Министерство за труд и социјална политика Љубица Панова Посебен советник за прашања поврзани со политики за вработување, труд, безбедност и здравје при работа и пензиско и инвалидско осигурување 32291 4858
Санела Шкријељ Посебен советник за прашања поврзани со политики за социјална заштита и заштита на деца 47720 40836
Душан Томиќ Посебен советник за прашања поврзани со политики за евроинтеграциски процеси и администрација 44106 17896
Министерство за здравство Јулијана Караи Посебен советник во кабинет на министер за прашања поврзани со здравството 37000 1,500 вработување на определено време додека трае мандатот на министерот во чиј кабинет се ангажирани
Садат Арифи Посебен советник во кабинет на министер за прашања поврзани со здравството 52000 1,500
Бесник Хамити Посебен советник во кабинет на министер за прашања поврзани со здравството 54000 1,500
Министерство за правда Вотим Емини Советник на министер – Посебен советник на министерот за уставно  уредување 30000 1,200
Седула Мамути Советник на министер – Посебен советник на министерот за кривично законодавство 30000 1,200
Бесим Шаќири Советник на министер – Посебен советник на министерот за граѓанско законодавство 30000 1,200
Министерство за одбрана Емир Хасановиќ Посебен советник од областа на правните работи 37000 350 5.8.2017
Филип Стојковски Посебен советник за политички и економски прашања 37000 350 5.8.2018
Лидија Јанчовска Посебен советник за прашања од областа на надворешната политика 37000 350 12.7.2017
 Министерство за економија Блерим Златку За индустриска политика, конкурентност, општествена одговорност и внатрешен пазар 25023 / Редовен работен однос
Билјана Додевска За евроинтеграција и меѓународна соработка 25023 /
Шовкет Хазари За туризам и угостителство, инвестиции и промоција 25023 /
Министерство за финансии Кристина Попова Посебен советник за прашања поврзани со меѓународни финансиски односи, управување со јавниот долг, централно финансирање и склучување на договори и управување со средствата од инструментот за претпристапна помош – ИПА 36882 350
Виктор Митевски Посебен советник за прашања поврзани со второстепена управна постапка, управни спорови, наплата на побарувања и имотно правни работи 36882 350
Бранимир Јовановиќ Посебен советник за прашања поврзани со буџетско и трезорско работење, даночна и царинска политика 44607 350
Министерство за култура Петрит Сарачини Посебен советник за правни работи
Гордана Стојанова Рибароски Посебен советник за култура

 

ПРЕМИЕРОТ СО 13 СОВЕТНИЦИ

Листата на советници на премиерот што СКУП ја доби во одговорот на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер брои 8 лица меѓу кои Бојан Маричиќ, Дане Талески, Драган Јованов, Љупка Цветкова, Ленче Николовска, Цвета Ласкова, Тања Чачарова Илиевска и Марјан Забрчанец.

Нивните месечни надоместоци се движат од 50 до 55 илјади денари, што за еден месец изнесува околу 425 илјади денари или близу 7000 евра. Покрај паричниот надоместок, овие советници имаат одобрен лимит за користење на службен телефон во износ од 1.180 денари.

Неодамна во јавноста, владата ја објави вкупната листа на советници како и посебните советници помеѓу кои се наоѓаат: Љубе Бошковски – посебен советник за странски инвестиции, Фидан Колев – посебен советник за транспорт и врски, Рубин Земон – посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации, Фатмир Битиќи – посебен советник за спроведување на Рамковниот договор и Ѓорѓи Тасев – посебен советник за млади и спорт.

Посебни надоместоци за посебни совети земаат луѓето што ги советуваат министрите во Македонија. Покрај месечните добиваат и надоместоци за патни и телефонски трошоци.

Истражувањето за бројот и функционалноста на советниците беше особено насочено кон министерствата и премиерскиот кабинет. Документите до кои дојде СКУП откриваат дека во Министерството за здравство, за една година, за тројца посебни советници се издвојуваат близу 28 илјади евра. Воедно, тие се и најплатени помеѓу посебните советници од останатите министерства. Нивните плати се движат од 37 до 54 илјади денари, а најмалку платени се тие во Министерството за економија со плати од 25 илјади денари

ПАРИ И ЗА ТЕЛЕФОНСКИ ТРОШОЦИ

Најмалку 300, а најмногу 1.500 денари се издвојуваат месечно од министерствата за телефонските трошоци на посебните советници. Патните трошоци, во некои министерства се уредуваат според внатрешни правилници.

Министерство за образование 1.180 денари

Министерство за информатичко општество и администрација 1.180 денари

Министерство за здравство 1.500 денари

Министерство за правда 1.200 денари

Министерство за одбрана 350 денари

Министерство за финансии 1.500 денари

Министерот за внатрешни работи го советуваат 15 советници

Во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи има вкупно 14 советници и еден посебен советник. За месец јануари 2018 година, заедно добиле вкупен надоместок од 580.360 илјади денари.

Помеѓу советниците кои го уживаат надоместокот од околу 41 илјади денари се наоѓа и Стојанче Ангелов, советник за полициски и криминалистички работи. Тој не сакаше да зборува за природата обемот на обврските кон министерството,  од каде добива два пати поголем хонорар од просечната плата во државата.

Што се однесува до мојата функција државен советник на министерот за внатрешни работи, не можам да зборувам за тоа бидејќи мојата функција е полициска и тајна“ – вели Ангелов за СКУП.

Посебниот советник во Министерството за внатрешни работи е Раде Јанковски кој е ангажиран со договор на дело во период од една година. Информацијата за неговиот надоместок е класифицирана како тајна.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ОД  33 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Покрај Министерството за здравство, на врвот на министерствата кои од буџетот издвојуваат над  20  илјади евра на годишно ниво за своите посебни советници се Министерство за образование и наука, Министерство за одбрана, Министерство за информатичко општество, Министерство за земјоделство и Министерство за транспорт и врски.

Помалку од 20 илјади евра издвојуваат Министерство за правда, Министерство за локална самоуправа и Министерство за економија.

Советничка Таибе Емини за СКУП вели дека како посебен советник помага во комуникацијата и соработката на Министерот со другите државни институции.

Вработена сум според законот и имам решение за кабинетски службеник“, изјави Емини.

Санела Шкриејљ, советник во Министерство за труд и социјална политика, за нејзиниот ангажман како посебен советник вели дека е регулиран преку Aгенција за привремени вработувања. Како посебен советник, вели дека ја координира работата на кабинетот на министерот, како и координацијата на секторите во спроведување на тековните реформи во социјалната заштита и заштита на деца.

Министерството за животна средина и просторно планирање  има ангажирано еден посебен советник од областа за евро интеграции и меѓународна соработка. Гилџане Саќипи за своите совети добива надоместок од 42 илјади денари што министерството на годишно ниво го чини околу 8 илјади евра.

Во Министерството за надворешни работи, единствениот посебен советник е Јане Лазевски, кој за своите совети од областа на Односи со јавноста добива надоместок од 32 илјади денари, односно 6 илјади евра годишно.

ПО ЕДЕН СОВЕТНИК НА ПЕТ ВРАБОТЕНИ

Покрај посебните советници, во секое министерство, скоро 20 проценти од вработените имаат звање советник. Од листите на вработени објавени на веб-страните на министерствата, пресметавме колку од вкупно од нив имаат звање советници. Во просек, во секое министерство на пет вработени има по еден советник.

ИНФОГРАФИКА

Министерство Вработени Советници Просек советник на вработен
Министерство за финансии 623 120 1 советник на 5 вработени
Министерство за економија 152 33 1 советник на 5 вработени
Министерство за здравство 136 38 1 советник на 4 вработени
Министерство за труд и социјална политика 202 59 1 советник на 3 вработени
Министерство за локална самоуправа 56 14 1 советник на 4 вработени
Министерство за транспорт и врски 265 62 1 советник на 4 вработени
Министерство за земјоделство 621 90 1 советник на 7 вработени
Министерство за обрзование 296 63 1 советник на 5 вработени
Министерство за правда 106 21 1 советник на 5 вработени
Министерство за култура 145 40 1 советник на 4 вработени
Министерство за надворешни работи 286 18 1 советник на 16 вработени

Листите на вработени од Министерството за животна средина, Внатрешни работи, Одбрана и Информатичко општество не ни беа достапни.

ИМА ЛИ ПОТРЕБА ОД НИВ?

Колку и дали воопшто министрите и премиерот имаат потреба од посебни, надворешни советници, покрај толку редовно вработени советници? Дали имаат и кои се резултатите кои ги испорачуваат?

Професорот Давитковски вели дека посебните советници најчесто работат за партијата, а не за институцијата која ги ангажира.

 Најчесто се сака да се вдомат некои партиски војници, како што беше кога имавме случај осумдесет советници да седат во Владата и да не работат ништо, туку само едноставно да агитираат за партијата. Тоа се забележува кога има промена на власта. На пример, поранешната партија немаше ниту еден вработен, сите беа советници. Сега тие ќе бидат во партијата. Додека, пак, сегашната власт нема да има ниту еден вработен во партијата бидејќи сега сите се вработени како советници, ќе ги покриваат нивните работни места преку некои вакви советници и разно разни органи. Што би се рекло, само да се прима плата, а да ги вршат партиските активности.“, вели тој.