На 17.10.2020 година, преку платформата ZOOM се одржа првиот модул од циклусот на обуки за градење на истражувачките капацитети на граѓанските организации. На обуките, 20 претставници на граѓанскиот сектор имаа можност да се запознаат со главните чекори при планирање на истражување, одредување на релевантнa тема на истражување и начини за прибирање на податоци од опкружувањето.

Во текот на обуката, учесниците ги претставија организациите од кои доаѓаат и ги споделија своите искуства и практики при спроведувањето на истражувања. Обучувач на модулот “Анализа на опкржувањето и прибирање на податоци” беше Виктор Митевски. Обуката беше насочена кон зајакнување на познавањата на слушателите на кои им недостасува искуство во планирање на истражувањето и анализирање на фактичката состојба.

Ова е првата од осумте предвидени обуки кои ќе се спроведуваат со поддршка од програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас.