Од 22 до 24 јануари во центарот Солферино во Струга се одржа првата подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори во овогодишниот циклус. 24-ца инструктори ги зајакнаа индивидуалните, но и тимските способности за полесна реализција на програмата. Поставени се термините за обуките во општинските организации и моделот е усогласен со целиот тим. До крајот на месец февруари ќе се спроведат 45 дисеминациски обуки од страна на овогодишните дисеминаторите. Потоа ќе следуваат 45 обуки од страна на ЦКА ПХВ инструкторите за изработка на малите проекти. И третата обука исто така ќе биде одржана од страна на дисеминаторите, за документирање на проектите во софтверот кој функционира од минатата година. до крајот на месец фавруари реализирани ќе бидатвкупно 150 обуки.

CK podgotvitelna rabotilnica

Како новитет за оваа година е назначувањето на 5 ментори и тоа од Црвен крст Велес, Прилеп, Кочани, Охрид и Кичево за поддршка на новите дисеминатори и полесна реализација на програмата на терен.

Оваа година програмата е поддржана од страна на МЦМС преку програмата Цивика Мобилитас