Б А Р А Њ Е

 

Почитуван мандатор г-дин Зоран Заев

 

Со оглед на тоа дека во тек е составување на идната Влада на Република Македонија, апелираме до Вас како мандатор, за почитување на Законот  за еднакви можности, со кој  жените со најмалку  30% треба да бидат застапени на сите нивоа и позиции. Очекуваме дека ќе ја почитувате законската обврска при изборот на министри/ерки.

Националниот совет за родова рамноправност, како организација која повеќе од 20 години работи на родовата рамноправност, бара  почитување на Законот за еднакви можности со кои се гарантираат  квотите од 30 – 40%  рамноправна застапеност на жените на одлучувачки позиции.

Се надеваме на целосно почитување на овој Закон во Република Македонија и остварување на родовата рамноправност како демократска земја.