Хелтгрупер по втор пат ќе го спроведе истражувањето за задоволство на пациентите од здравствените услуги во Македонија. Истражувањето беше спроведено за прв пат во 2014 година.

Ова истражување ќе ги опфати сите граѓани на Република Македонија кои во изминатите 12 месеци користеле здравствени услуги во државниот или приватниот сектор. Тоа има за цел да ги утврди главните недостатоци при обезбедувањето на здравствени услуги  со кои се соочуваат граѓаните.

Сите заинтересирани можат да го пополнат анкетниот прашалник и анонимно да го споделат своето мислење. Резултатите ќе бидат објавени јавно во интерес на подобрувањето на состојбите во здравствениот систем.

Хелтгрупер самит- истражувања од областа на здравствените и социјални политики е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, можете да го посетите нивниот профил.