Изложените мозаици се работени во традиционална мозаик техника од природен камен. На изложбата ќе бидат претставени 15 мозаици изработени во периодот 2015-2017. Мозаиците со различни димензии (0д малоформатни 30х50см до средно форматни 50х80см) со различни мотиви меѓу кои преовладуваат локалните, флоралните и анималните мотиви.

Изложбата е финасиски поддржана од Општина Центар.

Биографија:
Адем Сулејмановски роден 1961 г. во Ростуше. Дипломирал на Факултет за Ликовни Уметности, одсек сликарство во 1985 год., последипломски студии, одсек: сликарство 2010 год. Вработен како професор во Основно училиште во Ростуше и во Средно општинско училиште-Гостивар, Подрачна паралелка во Ростуше.

Групни изложби:
Скопје,Годишна изложба на ДЛУМ 1985/2012
Галичка ликовна колонија 1997 год.
Култура без граници 2004 год.
Центар за Култура /И А Смок/-Тетово 2007 год.

Самостојни изложби:
Галерија De Verze, Сион Швајцарија 1989 год.
Градска галерија Ниш 1998 год.
Галерија Петроварадин Нови Сад 2003 год.
Галерија Куршумли ан Скопје 2005 год.
Центар за Култура /АСНОМ/ Гостивар 2005 год.
Дом на култура Ростше /Реканско Културно лето 2004/2009 год.
Центар за Култура/Дебар 2008 год.
Центар за Култура Пешкопеја Р.Албанија 2008 год.
Културни Центар Сребреница Босна и Хецеговина 2009 год.
Културен центар Врање 2012
Документарен филм-усна историја од реканскиот крај 2012
Изложба на мозаици-Маврово 2013
Изложба на мозаици-Ценатар за Култура Дебар-2014