22ри февруари е Светскиот Ден на Извидниците и 160 години од раѓањето на основачот на извидничкото движење, Лорд Баден Пауел.

„Највредното нешто кое може некој да го направи е да се обиде да создаде среќа во животот на другите“ – Лорд Баден Пауел

Традиционално како и секоја година втората недела од месецот февруари извидниците ја посветуваат на прославата на денот на извидниците и повикуваат на активно граѓанство во создавањето на подобар свет.

SCOUT 24.2.2017 1

Извидничките одреди, односно извидниците, секој со своја идеја за креирање на подобар и посреќен свет организираа бројни активности и добри дела во своите заедници.

Хуманитарна акција беше организирана од ИО Димитар Влахов во која тие успешно изработија и донираа пакети храна на неколку домови, на повеќе локации во Чашка и Велес. Постарите извидници на денот на извидниците беа дел и од крводарителната акција во Велес, каде даруваа крв и ја покажаа својата хумана мисија во градот Велес.

И нашите нови извидници од Крушево, ИО Стара Корија кои оваа година за прв пат го прославуваат Светскиот Ден на Извидници се приклучија и направија добро дело. Заедно со луѓето од својата заедница тие успеаја да соберат доволно материјали кои ќе помогнат на малите дечиња од семејството од селото Светомитрани и заедно да создадат атмосфера полна со насмевки.

Првите извидници од Скопје, најискусните, ПСИО, успеаја со повеќе мали добри дела, повеќе мали активности да го прошират хуманиот дух насекаде околу извидниците. Со активности како готвење и делење храна на бездомниците во Скопје, организирање игри со дечињата од Дневниот Центар за Деца на Улица – Шуто Оризари и дечињата од СОС Детското село, па дури и успеаја да најдат време соберат донации и ги посетат ги децата од социјално загрозени семејства од ОУ Дитуриа во Сарај.

ИПО Јадран организираше целодневен хуманитарен настан каде успеаја да соберат финансии со кои подоцна набавија и создадоа пакети за донација. Освен тоа и малите извидници и членовите на нивните семејства се приклучија со своја донација на храна и други материјали. Целодневниот хуманитарен настан заврши со донација на пакети храна и средства за хигиена при црквата Свети Спас во Драчево. Успеаја и да обезбедат дрва за огрев во неколку домови во селото Драчево во Скопје, а со тоа и да им обезбедат и топол дом.

SCOUT 24.2.2017 2

ИПО Галеб и нивните членови заедно со нивните семејства, комшии донираа облека, храна и други работи кои беа доставени до едно социјално загрозено семејство. Притоа, извидницте успеаја да подготват и спакуваат 500 колачиња кои ги делеа во градскиот парк во Скопје на луѓето кои за возврат беа инспирирани да донираат финансиски средства со понатаму беа набавени околу 15кг храна, средства за чистење и хигиена, дрва за огрев, поликолор и школски прибор.

Заедно со ЦПЛИП Порака од Прилеп, ИО Феникс организираше целодневен настан исполнет со дружба и извиднички активности. Дента започна во подножјето на Марковите Кули, покрај карпата Слон, каде извидниците свечено се приклучија кон извидничкото движење, а како гости беа и членовите на ЦПЛИП Порака. Веднаш по завршувањето преку креативни работилници и активности извидниците продолжија да се дружат со членовите на ЦПЛИП Порака и да создаваат нови пријателства и искуства.

По повод денот на извидниците, членовите на ИО Пионер го посетија Геријатриското одделение при општата болница во Охрид. Извидниците успешно набавија чаршавски кревети кои помогнаа да се наместат на креветите и да го освежат престојот на луѓето кои се сместени во тоа одделение. Освен тоа донираа и производи кои помогнаа не само да се освежи туку и олесни престојот во Геријатриското одделение.

Најмалите извидници од ИО Сидро беа вклучени во акцијата Направи Добро дело и придонесоа за насмеаните лица на новите пријатели од Заводот за рехабилитација на деца и младинци. Во парк шумата Газибаба преку извиднички игри и работилници најмалите успеаја да направат добро дело преку дружба, забава и смеа.

SCOUT 24.2.2017 3

ИО Мирко Милески со организирање на крводарителна акција и хумантарен настан исто така се вклучија во низата настани Направи Добро Дело. Крводарителната акција на денот на извидниците е отворена не само за извидниците туку за сите кои сакаат да направат добро дело. ИО Мирко Милески организираше свечен настан за новите извидници кои штотуку ќе започнат со своите добри дела.

Сојуз на извидници на Македонија традиционално, трета година по ред продолжува со организирање на својата Крводарителска Акција во Скопје. Од година на година се повеќе и повеќе е посетена и актуелна оваа активност, преку која секој човек може да се придружи и да ја покаже својата хумана страна.
Сите овие активности, а и многу повеќе се дел од „Направи Добро Дело“, низа активности со кои сакаме да прикажеме дел од работата на извидниците и нашата заложба за остварување мисијата – Да креираме подобар свет и истата е поддржана од Civica Mobilitas.

Галерија:

„Направи Добро дело“ е дел од активностите на проектот на Сојуз на извидници на Македонија кој е поддржан од Цивика Моивилтас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.