На 29 август, здружението Ин Виво ја спроведе третата практична обука за производство на биохумус. Обуката беше наменета за бездомни лица од Скопскиот регион, со цел да им се обезбедат услови за нивно полесно и одржлива реинтегрирање.

На почетокот на денот учесниците се поделија во два тима. Првот тим ги презеде калифорниските црви кои што се набавени во склоп на овој проект, а вториот тим го натовари ѓубривото кое што ќе се користи за идно производство на биохумус. Претходно подготвената леа на долниот дел ја обложија со картони, кои што потоа ги наводенија. На ваков начин, обезбедена е влага за ѓубривото и калифорниските црви во долниот дел на леата.

Следен чекор беше поставување на ѓубривото во вака подготвената леа. Конечно, на ред дојде да ги сместиме и новите „работници“, односно новите калифорниски црви. По нивното ставање во леата, се дотури вода за да го задржат препорачаното ниво на влага во горниот слој, и истите ги покрија со картони. Пред завршувањето на работниот ден, гостин-експертот Звонко Русовски, долгогодишен произведувач на биохумус и соработник на Органика Нова, одговараше на прашањата на учесниците на програмата во однос на производствениот процес, како и за пласманот на ѓубривото.

Овие активности се спроведуваат во рамка на проектот Јода, кој што е финансиран преку мал грант од Цивика Мобилитас.