[Aggregator] Downloaded image for imported item #43720

ЗНМ бара итно постапување по пријавата за онлајн напади врз „Слободен печат”

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) испрати барање за ургенција за текот на постапката по поднесена пријава за координиран ботски напад врз Инстаграм профилите на медиумот „Слободен печат“, адресирано до националната фокална точка г-дин Мухамед Исмаиљи, помошник на министерот во Одделот за односи со јавност и стратешки прашања при Министерството за внатрешни работи.

Ова барање следи по формалната пријава што ЗНМ ја поднесе на 15 ноември 2025 година до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, поради сомнеж за координирана злоупотреба на социјалната мрежа Instagram, со цел попречување на работењето на медиумот и ограничување на видливоста на неговите содржини.

Станува збор за координиран ботски напад врз официјалните Инстаграм профили на „Слободен печат“, при што беа регистрирани масовни сомнителни интеракции (коментари, лајкови и follow-барања), драстичен пад на досегот на објавите и основан сомнеж за алгоритамско ограничување на видливоста (т.н. „shadow ban“). Поради континуитетот на нападите, редакцијата беше принудена дел од профилите привремено да ги заклучи (приватни) со цел заштита.

Во досегашниот период, ЗНМ обезбеди институционална и правна поддршка за медиумот и ја информираше надлежната институција за продолжувањето на нападот и последиците врз работата на редакцијата.

Со последното барање, ЗНМ од МВР побара информации во која фаза на истрага е предметот, кои чекори се преземени од надлежните служби, дали се вршат проверки за евентуална поврзаност на активностите со субјекти од Република Северна Македонија, како и дали е иницирана комуникација со компанијата Meta / Instagram преку постојните механизми за меѓународна соработка.

Потсетуваме дека координираните онлајн напади врз медиуми претставуваат сериозен ризик за слободата на изразување и индиректна форма на притисок врз новинарската работа, поради што е неопходна навремена и институционална реакција.

ЗНМ ги охрабрува новинарите и медиумските работници да пријавуваат сите закани, притисоци и напади, вклучително и онлајн напади, преку платформата SafeJournalists.net или директно до Здружението, со цел навремена реакција, институционална заштита и јавно евидентирање на ваквите случаи.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

    Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување…

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

  • Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

    Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор