590239599 1354436116381889 1993513513473902496 n

Средба на конзорциумот на партнери од Програмата за дигитален активизам

Извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари, учествуваше на средба на конзорциумот на партнерите од Програмата за дигитален активизам. Состанокот се одржа во Сараево, непосредно пред меѓународната конференција Мегафон 2025.

Програмските партнери се собраа во Сараево на два дена интензивно поврзување, размислување и планирање за иднината. Фокусот на средбата беше, како преку Програмата за дигитален активизам, може да се поддржат организациите на граѓанското општество и поединците ширум светот преку технологија, алатки, знаење, вештини, можности за градење отпорност и етичка вештачка интелигенција.

Средбата послужи како потсетник за силата и иновативноста во глобалната заедница – Програма за дигитален активизам, која ја води долгогодишниот партнер на Фондација Метаморфозис, Фондација Техсуп.

The post Средба на конзорциумот на партнери од Програмата за дигитален активизам first appeared on Metamorphosis.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

    ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА   Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците […]

  • Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите

    Ја изразуваме нашата длабока разочараност поради предлагањето нов член на Судскиот совет на РСМ од редот на истакнати правници кои ги избира Собранието на РСМ само неколку дена пред започнување на собраниската постапка за донесување на новиот Закон за Судскиот совет. Иако измените на овој закон долго време се подготвуваа како резултат на претходните случувања […]
    Read More… from Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите
    The post Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Младински дијалози во Скопје

    Младинските дијалози се одлична можност за директно согледување на потребите на младите во Македонија. Низ интересен разговор помеѓу младите, претставници на НВО секторот, претстaвници на институциите и заинтересирани граѓани, вчера ја спроведовме активноста – Младински дијалози во Млади Хаб Скопје. Голема благодарност за активното учество и споделувањето на сопственото искуство до Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM комшиLOOK Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia MladiHub Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Активноста се спроведува во склопот на Еразмус+ проектот “Академија за младински политики: Вклучи се – поврзи се – поттикни” Линк до фотографии:

  • Учество на работилница “Еко муабети“

    На ден 11.12.2025 год. (четврток) успешно се одржа работилницата „Еко Муабети“, организирана од еко-одборот на гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и групата средношколци „Зелени Борци“. На настанот учествуваа претставници од „Зелена Народна Стража“, извидничкиот одред „Димитар Влахов“, како и ученици и професори од гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и ученици…

  • Учество на одредската слава на ИПО “Јадран“ – Св.Климент

    Старешината и началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на старешината на ИПО “Јадран“ од Скопје земаа учество на одредската слава на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје. Славата се одржа во извидничкиот дом в о село Катлановска Брезица на 8.12.2025 год. На нашите браќа извидници им…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор