6f0b1349 3faa 4eb5 8570 f36439ca82d5

Прв состанок на Националниот консултативен механизам за реформската агенда (NCM-RA)

Имплементацијата на Реформската агенда во Северна Македонија бара инклузивен пристап и придонес од сите релевантни чинители за да се обезбеди нејзина успешна имплементација. За таа цел, Институтот за европска политика – ЕПИ, во соработка со Министерството за европски прашања, на 19 мај, организираше Прв состанок на Националниот консултативен механизам за реформската агенда 2024-2027 – нова национална платформа која овозможува структуриран, транспарентен и инклузивен дијалог заснован на докази меѓу државните институции, граѓанските организации, стопански комори, академија и други релевантни фактори за имплементација и мониторинг на Реформската агенда во рамките на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Мила Јосифовска Даниловска и Маријана Јанческа – Угарковиќ, од Фондација Метаморфозис учествуваа на средбата. Јанческа – Угаровиќ ги претстави наодите од истражувањето на Метаморфозис на досегашниот напредок во областа на дигитализацијата, како клучна област во Реформската агенда. Во истражувањето се презентирани резултатите од 2025 година поделени по клучни подобласти на дигитализација: дигитализација и кибербезбедност, како и планираните активности за 2026 и 2027 година.

Јанческа-Угарковиќ, освен што ги претстави постигнувањата, ги сподели со присутните и препораките што произлегоа од документот за јавни политики. Потребна е поголема инклузивност, особено во дигиталната пристапност за лицата со попреченост, согласно националната стратегија 2023–2030. Понатаму, треба да се зајакне вклученоста на граѓанските организации и експерти во сите фази на предвидените реформи – од дизајн до евалуација, како и да се осигура транспарентност и навремена комуникација при креирањето на регулативи. Со цел длабинско спроведување на заложбите од реформската агенда, потребно е да се инвестира во обука и техничка поддршка на администрацијата за ефикасна имплементација, како и да се прилагодуваат законите на локалниот контекст, наместо механички да се преземаат европски регулативи. Истовремено, треба активно да се поттикнува дигитална писменост кај сите категории на граѓани.

Дигитализацијата не е само техничка алатка – таа е предуслов за ефикасна, транспарентна и одговорна администрација. Како Фондација Метаморфозис, остануваме посветени да го следиме процесот и да придонесуваме за реформи што ќе бидат во интерес на сите граѓани.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

  • Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво

    Во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, во Прилеп  се одржа Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво на кој учество зедоа градоначалниците на Општина Прилеп и Општина Крушево, членови на советите на двете општини, претставници на локални здруженија, младински активисти и млади од Прилеп и Крушево. 

  • Предновогодиншна волонтерска забава

    На 26.12.2025год. (петок) во просториите на Младиснкиот Центар Матично во Скопје, се одржа традиционалната предновогодиншна волонтерска забава организирана од страна на Сојуз на извидници на Македонија . На оваа забава имаше гости од страна на секој одред во државава, а воедно од нашиот одред учество земаа 15 членови. The post…

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективиза Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена наподигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадениза време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025 година, ворамки на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор