Претставници на З.Е „Натура“-Струга дел од дијалогот за регионалниот систем за управување со отпад
Претставници на Здружението на екологисти „Натура“-Струга учествуваа на информативна и консултативна средба со граѓанските организации од Пелагонискиот и Југозападниот регион, која се одржа на 29 јануари 2026 година во Офицерскиот дом во Битола.
Средбата беше организирана во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од Salar International, со фокус на фазата на оперативност на Регионалниот систем за управување со отпад.
На средбата беше презентиран концептот на регионалниот систем, како и планираните активности кои опфаќаат затворање на постојните општински и диви депонии, изградба на претоварни станици и собирни центри, како и воведување примарна селекција на отпад со цел значително намалување на количината на отпад што завршува на регионалната депонија.
Во рамки на дискусијата беше нагласена важноста од соработка и координација меѓу институциите, граѓаните и граѓанскиот сектор, како предуслов за успешно функционирање на овој комплексен систем. Граѓанските организации покажаа голем интерес и активно учествуваа со свои ставови и прашања поврзани со инфраструктурните решенија, селекцијата на отпад и улогата на локалните заедници.
Исто така, беше презентиран и предлог-план за вклучување на граѓанските организации во клучните процеси поврзани со Регионалниот систем за управување со отпад, вклучително и во изработката на регионалните и локалните акциски планови, како и во комуникациските активности со јавноста. З.Е „Натура“– Струга останува посветена на активна вклученост, отворен дијалог и континуирана соработка во насока на одржливи еколошки решенија и одговорно управување со отпадот

Презентацијата од состанокот 29.01.2026
Инфографика од Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО)

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44281](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/img_3085-1024x768-1.jpeg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45314](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/645039607_927234312995338_6474963620830597539_n-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45310](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/mija2-768x568.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45305](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/untitled-design-6-1-6-768x284.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/snaogjanje-ili-korupcija.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41330](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/ef.png)