fbpx
x
Мени

Вести од граѓанските оргранизации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Како да се подигнат капацитетите на месните и урбаните заедници?

Објавено на:

Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје во соработка со Европски центар СН7 од Теарце, на 12 октомври 2016 (среда), со почеток во 12:00 часот во хотелот „Континентал“ во Скопје ќе ги презентираат резултатите од проектот „Зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници“.

Конкурс за фотографија на тема: „Тагата на провинцијата и неподносливата мачнотија на метрополата“

Објавено на:

Организацијата Култ транзен распиша конкурс кој го третира феноменот на периферијата и оддалеченоста од центарот, но и обратната смисла на оттуѓеноста, каде што центарот е оддалеченост од субјектот (од себе), а периферијата едно невидливо приближување кон внатре. Вечниот судир меѓу јавното и интимното, личното и колективното, тишината и хаосот. Темата на конкурсот ја опфаќа и трагичноста на преселбите-село-град и провинција-метропола.

Zdruzenie na biznis zeni 10102016 1

Анализата на состојбата на женското претприемништво во Македонија

Објавено на:

Zdruzenie na biznis zeni 10102016 1Здружението на бизнис жени (ЗБЖ) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Состојбата на жените во претприемништвото во РМ“, финансиран преку програмата Цивика мобилитас, во периодот јули-септември успешно го заврши првиот дел – квантитативното истражување за состојбата со жените во претприемништвото во РМ, со теренски анкетни активности во следните општини: Куманово, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Струмица, Штип, Кавадарци, Дебар, Крушево и град Скопје.

BHM logo

НЕ за фрлањето храна

Објавено на:

BHM logoХрана за сите – Банка за храна Македонија ги поканува сите заинтересирани на презентација на резултатите постигнати во проектот “Храната за гладните, а не на депонија“ што ќе се одржи на 28 октомври 2016, во 11:00 часот во хотелот Континентал во Скопје.