Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
Обука на тема “Проценка на влијание на регулативата (ПВР)”
Втората обука на тема „Проценка на влијание на регулативата (ПВР)“ во рамките на проект насловен “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од програмата ЦИВИКА Мобилитас, се спроведе на 11 и 12 февруари , 2016 година во просториите на ЦУП.
Јавна дискусија “Помалите заедници изгубени во паралелниот свет на Македонците и Албанците”
„Помалите заедници изгубени во паралелниот свет на Македонците и Албанците“ е темата на седмата јавна дискусија, што ќе се одржи во Гостивар, во сабота, 27.02.2016 година во 17 часот салата на Советот на Општината. Панелисти ќе бидат : Алберт Муслиу, политиколог, магистер Мухамед Точи, раководител на секторот за човекови права и меѓуетнички односи во НВО „Месечина“ од Гостивар и Зоран Маџоски, локален новинар.
Дискусијата е организирана од Диверзити медиа во рамки на проектот Глокал Дискусии.
Светски ден на ретки болести
Националната aлијанса за ретки болести на Република Македонија на 29 февруари во кино Фросина ќе го одбележи светскиот ден на ретки болести.
Како да се намали миграцијата во Североисточниот регион?
На 19 февруари 2016 година, со почеток од 11 часот во просториите на Домот за млади во Старо Нагоричане, ќе се одржи информативна средба на неформалната мрежа на граѓански организации од Северо-источниот плански регион.
Панел дискусија: Управување со различностите
Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), ги поканува сите заинтересирани, на панел дискусија на тема: “Управување со различностите”, која ќе се одржи на 18.02.2016 година (четврток), со почеток во 12.30 часот во просториите на М6 Едукативен центар во Скопје.
Трибина – Обезвреднување на трудот: Влошени работнички права, пререгулираност и стратегии за влијание
Левичарското движење „Солидарност“ има чест да ве покани на трибина и дискусија чија цел е презентација на клучните наоди од студијата „Обезвреднување на трудот 2: Анализа на трудово-правната легислатива во Република Македонија во периодот 2010-2014“. Трибината ќе се одржи на 18 февруари 2016 година, во просториите на „Солидарност“, на ул. Орце Николов бр. 166 (наспроти Центар за странски јазици), со почеток во 18.30 часот.