Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
Тркалезна маса и мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“
ЦИВИЛ – Центар за слобода и ЦИВИЛ Арт Дивизија Ве покануваат на тркалезна маса и мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“ на 29 март (вторник) во ГЕМ Клуб и Менада, со почеток во 18 часот.
Прва психоарт работилница на Гешталт центарот
На 16 март 2016 година во просториите на гимназијата „Гоце Делчев “ во Куманово, стручниот тим на Гешталт центарот „Младен Костиќ“ Аспекти, ја одржа првата психоарт работилница.
Битолските новинари задоволни од работата на судот, но не и од затвореноста на обвинителството
Здружението на граѓани „Сведок“ – веб порталот Сведок и Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, во Битола организираа работилница за новинари на тема „Јавноста во кривичната постапка“, како дел од проектот „Мониторирај и известувај, фаза 1 Истрага“, поддржан од Цивика мобилитас, што го спроведува „Сведок“.
ЗНМ го одбележа својот 70-ти јубилеј
Здружението на новинари на Македонија на 19-ти февруари го одбележа својот јубилеј 70-години од своето основање.
Реакција на настаните поврзани со поставувањето на споменикот на двоглав орел во Топанско Поле и камен темелник на крст во Општина Бутел
Асоцијацијата за демократски иницијативи, како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“, испраќа реакција по повод настаните и инцидентите поврзани со поставувањето на споменикот на двоглав орел во Топанско Поле и камен темелник на крст во Општина Бутел.
Нова информативна средба за миграциите
Неформалната мрежа на граѓански организации од општините Липково, Куманово, Кратово и Старо Нагоричане продолжува со информативните средби поврзани со состојбата со миграциите. Новата средба ќе се одржи на 4 март 2016 година во општина Липково, во ресторанот „Панорама“, со почеток во 13 часот.