fbpx
x
Мени

Вести од граѓанските оргранизации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Трибина – Обезвреднување на трудот: Влошени работнички права, пререгулираност и стратегии за влијание

Објавено на:

Левичарското движење „Солидарност“ има чест да ве покани на трибина и дискусија чија цел е презентација на клучните наоди од студијата „Обезвреднување на трудот 2: Анализа на трудово-правната легислатива во Република Македонија во периодот 2010-2014“. Трибината ќе се одржи на 18 февруари 2016 година, во просториите на „Солидарност“, на ул. Орце Николов бр. 166 (наспроти Центар за странски јазици), со почеток во 18.30 часот.

Obuka Kreiranje politiki temeleni na dokazi

Oбука на тема „Креирање политики темелени на докази“

Објавено на:

Obuka Kreiranje politiki temeleni na dokaziЦентарот за управување со промени – ЦУП и Зип Институтот, во рамките на заедничкиот проект насловен “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од програмата Цивика Мобилитас, ја одржа првата обука на тема „Креирање на политики темелени на докази (evidence-based policy making)“ врз основа на методологија на реномираната Националната владина школа (National School of Government) на Кралството на Велика Британија и Северна Ирска.

Praktikuvaj mir 1

Успешно спроведен семинарот „Практикувај мир“

Објавено на:

Praktikuvaj mir 1Заврши петдневниот семинар „Практикувај мир“, што го организираа партнерските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода и берлинската НВО „Kreisau-Initiative“, чии тренери за мир ја водеа обуката на учесниците. Тренингот претставуваше продолжение, втор модул на обуката, чиј прв дел траеше десет дена и се одржа во полскиот град Кшижова во септември минатата година.

CK podgotvitelna rabotilnica

ЦКА-ПХВ подготвени за обуки

Објавено на:

Од 22 до 24 јануари во центарот Солферино во Струга се одржа првата подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори во овогодишниот циклус. 24-ца инструктори ги зајакнаа индивидуалните, но и тимските способности за полесна реализција на програмата. Поставени се термините за обуките во општинските организации и моделот е усогласен со целиот тим. До крајот на месец февруари ќе се спроведат 45 дисеминациски обуки од страна на овогодишните дисеминаторите.

Obuka na PHV disemenatori

Обука на ЦКА-ПХВ дисеминатори

Објавено на:

Obuka na PHV disemenatoriНа 13 и 14 јануари беше реализирана обука за новите 45 дисеминатори во рамките на Националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности.

920696 1011677995541432 1102101164394888099 o

Организација на жените на општина Свети Николе 25 години активизам

Објавено на:

920696 1011677995541432 1102101164394888099 oОрганизација на жените на општина Свети Николе на 25 Декември 2015 година одбележува 25 години работа во женското движење за подобрување на општата состојба на граѓаните, за подобрување на условите за соодветна здравствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права.