Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
Сите пречки се мали ако луѓето се големи
На 15.08.2016 во ЕУ Инфо центарот во Скопје, „Младите можат“ организираа настан наречен „Сите пречки се мали ако луѓето се големи“. Целта беше да се придонесе за социјалната инклузија на лицата со сетилна попреченост .
14та Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа“
Младински Сојуз – Крушево, годинава, традиционално по 14ти пат ќе ја организира Меѓународната младинска конференција од 22 до 26ти септември во Крушево.
Одржан тренинг за новата генерација предавачи по дебата на МОФ
На 24 и 25 септември, во просториите на Младинскиот образовен форум, се одржа тренингот за дебатни тренери. Тренингот го организираше „Дебатната програма“, а учествуваа дебатери од неколку градови во Македонија и тоа: Скопје, Велес, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево и Прилеп.
Соопштение за националната акција за чистење на Македонија
Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија, заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мобилитас и поддржувачите Осигурување Македонија и Еконелектрон, в петок (30.09.2016) во 10 часот на Матка ќе организираат промотивна акција за чистење како најава за националната акција за чистење која ќе се одржи во сабота (01.10.2016) на 150 локации во 50 општини низ Македонија.
Како да се подигнат капацитетите на месните и урбаните заедници?
Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје во соработка со Европски центар СН7 од Теарце, на 12 октомври 2016 (среда), со почеток во 12:00 часот во хотелот „Континентал“ во Скопје ќе ги презентираат резултатите од проектот „Зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници“.
Конкурс за фотографија на тема: „Тагата на провинцијата и неподносливата мачнотија на метрополата“
Организацијата Култ транзен распиша конкурс кој го третира феноменот на периферијата и оддалеченоста од центарот, но и обратната смисла на оттуѓеноста, каде што центарот е оддалеченост од субјектот (од себе), а периферијата едно невидливо приближување кон внатре. Вечниот судир меѓу јавното и интимното, личното и колективното, тишината и хаосот. Темата на конкурсот ја опфаќа и трагичноста на преселбите-село-град и провинција-метропола.