Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
Говорот на омраза тема на втората психоарт работилница на Гешталт центарот
На 23 март 2016 година, во просториите на гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, стручниот тим на Гешталт центарот „Младен Костиќ“ Аспекти ја одржа втората психоарт работилница. Овој пат, темата беше „Идентификација на говорот на омраза и изразување на чувствата преку арт експресија“.
Тркалезна маса и мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“
ЦИВИЛ – Центар за слобода и ЦИВИЛ Арт Дивизија Ве покануваат на тркалезна маса и мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“ на 29 март (вторник) во ГЕМ Клуб и Менада, со почеток во 18 часот.
Прва психоарт работилница на Гешталт центарот
На 16 март 2016 година во просториите на гимназијата „Гоце Делчев “ во Куманово, стручниот тим на Гешталт центарот „Младен Костиќ“ Аспекти, ја одржа првата психоарт работилница.
Битолските новинари задоволни од работата на судот, но не и од затвореноста на обвинителството
Здружението на граѓани „Сведок“ – веб порталот Сведок и Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, во Битола организираа работилница за новинари на тема „Јавноста во кривичната постапка“, како дел од проектот „Мониторирај и известувај, фаза 1 Истрага“, поддржан од Цивика мобилитас, што го спроведува „Сведок“.
ЗНМ го одбележа својот 70-ти јубилеј
Здружението на новинари на Македонија на 19-ти февруари го одбележа својот јубилеј 70-години од своето основање.
Реакција на настаните поврзани со поставувањето на споменикот на двоглав орел во Топанско Поле и камен темелник на крст во Општина Бутел
Асоцијацијата за демократски иницијативи, како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“, испраќа реакција по повод настаните и инцидентите поврзани со поставувањето на споменикот на двоглав орел во Топанско Поле и камен темелник на крст во Општина Бутел.