Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
„Флоренс Најтингејл“ одржа годишно собрание
Мултиетничко здружение „Флоренс Најтингејл“ од Куманово на 28.03.2016 година го одржа годишното собрание на кое беа поканети и учествуваа членови на раководството, на Надзорниот и на Советодавен одбор како и конституенти на организацијата.
Плурализмот и политичката криза
ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ која ќе се одржи во понеделник, 4 април 2016 година во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.
АДИ го презентира извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар
Во рамките на проектот „Превенција од современите форми на трговија со луѓе“ на 30.03.2016 год. во Гостивар се одржа презентација на Извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар.
Како средношколците ја разбираат трговијата со луѓе – презентација на истражувачки извештај
Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), на 30 март 2016 година, во Центарот за развој на младите – Гостивар (општинска зграда) ќе го презентира Извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар.
Прес конференција на СЕММ
Советот за етика во медиумите на Македонија и за време на изборите ќе работи на олеснување и поттикнување на процесот на саморегулација и доследна примена на стандардите на професијата, беше истакнато на денешната прес-конференција на Советот.
Тркалезна маса на КХАМ Делчево
На 29.03.2016 година (вторник), со почеток во 14 часот, во клубот ГЕМ во Скопје организацијата КХАМ од Делчево ќе ја одржи тркалезната маса на тема „Иницијатива за бесплатни стоматолошки услуги за деца од 7 до 14 години чии семејства се корисници на социјална парична помош“.