Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
За „говорот на омраза“ и „говорот на почитување“
На 7 април 2016 година во просториите на Советот на општина Куманово, стручниот тим на Гешталт центарот Младен Костиќ – Аспекти одржа работилница на тема „Влијанието на позитивната комуникација и користењето на говорот на почитување врз чувствата и меѓусебната комуникација.
„Зошто заминуваат нашите сограѓани“
Центарот за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ од Пехчево, на 4 април 2016 година, во салата за состаноци на општина Пехчево организираше јавна расправа на која ги презентираше резултатите од анкетата за миграциите. Во анкетата учествуваа сите засегнатите страни со овој проблем, а се спроведе во рамки на проектот „Преку интегрирано делување до намалување на миграциите“.
Информативна средба за проблемот со миграциите
Миграцијата на населението од Североисточниот регион, особено на младата популација беше тема на информативната средба што ја организираше Неформалната мрежа на граѓански организации, а се одржа на 12 април 2016 година во хотелот Кратис во Кратово.
Четврта обука на проектот “Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија”
Институтот за истражување на политики и добро владеење – ИПДВ во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана oд Македонски Центар за Меѓународна Соработка МЦМС, НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот Институт за Јавна администрација (СИПУ) финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во период од 16-17 Април, во Штип ја реализираше четвртата обука во рамките на проектот “Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија”
Повик за учество на работилница
Институтот за истражување на политики и добро владеење ги поканува младите активисти од различна етничка припадност, претставници на младински невладини организации, други младински групи, здруженија, студентски групи, итн. да се пријават и да учествуваат на работилницата што ќе се одржи на 16 и 17 април 2016 година во Штип.
Повик за камп за лидери
Организацијата „Младите можат“ ги поканува сите млади лидери на возраст од 17 до 22 години, кои се подготвени да работат на својот личен развој и да придонесат за позитивни промени во заедницата да се пријават на повикот за учество на кампот за лидери што ќе се организира од 5 до 11 мај 2016 година на Пониква, Осогово.