Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
Семејно насилство врз жените со хендикеп
Полио Плус – движење против хендикеп на 8 и 9 јуни во хотелот Бест Вестерн во Скопје ја оддржа работилница на тема: „Специфичности на семејното насилство врз жените со хендикеп“. На работилницата учествуваа давателите на услуги на жени жртви на семејно насилство, како и претставници на релевантните државни институции.
12 јуни – Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд
Насекаде во светот, милиони деца се секојдневно изложени на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Во оваа категорија спаѓаат сите форми на ропство, набавка или понуда на деца за проституција за производство со фотографија, продажба или трговија со деца и трговија со дрога. Воедно, овие деца се под постојана изложеност на ризична работа и се лишени од правото на соодветна грижа за нивното здравје, како и правото на соодветно образование. Едноставно кажано, тие се лишени од нивните основни слободи и права.
Средно Водно исчистено од отпадоци
Светскиот ден на животната средина, 5 јуни, го одбележаа група млади од различна етничка припадност со спроведување на акцијата за чистење на отпадот на Средно Водно. Ним им се придружија и дел од граѓаните кои веќе беа на падините на Водно.
Барање на понуди: Изработка на веб апликација со база на податоци
Здружението за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ (DeSo), го спроведува проектот „е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество (ГО) во Република Македонија“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.
СЕММ апелира на одговорност и коректно известување за изборите
Со почетокот на изборната кампања во Република Македонија, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.
МАКЕДОНИЈА ЧИСТА ЗА 1 ДЕН – ВКЛУЧИ СЕ ВО НАЈГОЛЕМАТА ЕКО АКЦИЈА!
Сакаш почиста и позелена Македонија?
Ако сакаш да бидеш дел од тимот што ќе придонесе за тоа, тогаш ПРИДРУЖИ СЕ, заедно да ја исчистиме Македонија!
Биди и ти волонтер во најголемата еколошка акција во нашата земја!
КАКО?