Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
Повик за еднодневна обука за застапување засновано на податоци
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира обуки за моделот на застапување засновано на податоци. Овој модел подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики.
Трета трибина на „Нов контакт – Македонија“
Здружението „Нов контакт – Македонија“ на 22 јуни 2016 година, на Скопскиот саем ја одржа третата по ред трибина што е дел од проектот „Развој преку комуникација“, посветен на македонската дијаспора. На трибината се разговараше за организациската форма на дијаспората – државата; за влијанието на дијаспората на развојот на туризмот и другите стопански дејности и за медиумите и нивната улога во зајакнувањето на врската со дијаспората.
ПОВИК за ангажирање на Експерт за системи за квалитет во управувањето (СКУ) за граѓански организации (1 извршител)
Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, финансиран преку програмата Цивка Мобилитас, објавува:
Поддршка и солидарност од „Меѓаши“ за The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği) од Турција
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ упати реакција до членовите на Комититетот за права на детето при ООН, до меѓународните организации и мрежи за заштита на правата на детето, до амбасадите и медиумите во врска со затворањето на партнерската организација The Agenda the Child Association и уште 375 граѓански организации во Турција. Реакцијата е подолу.
Повик за учество во Работна група за воведување на Систем за квалитет во управување (СКУ) во граѓански организации
Почитувани,
Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, финансиран преку програмата Цивка мобилитас објавува повик за номинирање на претставник од граѓанските организации за учество во Работната група за воведување на Систем за квалитет во управувањето (во понатамошниот текст Работната група) која ќе биде сочинета од претставници на граѓанските организации од мрежата на Цивика мобилитас (грантисти)
Порта за излез од пеколот
Тежок е патот за излез од пеколот, но не е невозможен. Исполнет е со многу предизвици и препреки, а за да се помине потребни се волја и решителност. Низ сведоштва на зависниците од дрога, алкохол и коцка кои одлучиле да го поминат трнливиот пат, ви ја носиме сторијата од тераписката заедница „Покров“.