Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
Повик за еднодневна обука за застапување засновано на податоци
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира обуки за моделот на застапување засновано на податоци. Овој модел подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики.
Панел дискусија: Идејата за еднаквост, мит или реалност?!
На 19.05.2016 година (четврток) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа панел дискусија, завршна активност од проектот „Анализа на политиките и дистрибуција на локални ресурси меѓу етничките заедници во Полошкиот и Пелагонискиот регион“
Покана за обука за граѓанско учество во носењето одлуки за животната средина
Центарот за климатски промени ве поканува на дводневна обука наменета за граѓанските организации (ГО) на тема: „Подигнување на јавната свест на граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина“ што ќе се одржи на 29 и 30 ноември 2016 година, со почеток во 11 часот во хотел Гарденија во Велес.
Препознавање на дискриминацијата врз основа на хендикеп
Полио Плус, поддржан од програмата Цивика мобилитас и Балканската независна мрежа на организации на лица со хендикеп (БИДФ), во соработка со Македонското здружение на млади правници, во рамки на проект поддржан од Фондација отворено општество Будимпешта, на 12-ти мај 2016 година организираа работилница „Препознавање на дискриминација врз основа на хендикеп“.
Новинарски стории за суштинските проблеми на граѓаните
Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, започнуваат со објавување на серијал новинарски стории на теми кои третираат суштински проблеми на граѓаните, од областа на социјална и здравствена заштита, дискриминација, заштита на животна средина, миграции итн.
Изработени 184 мали проекти
Во месец мај се сумираат резултатите во рамките на програмата ЦКА-ПХВ. Минатиот викенд, од 06-08 мај во Струга се реализираше подготвителна работилница на која учествуваа 20 инструктори од целата земја и имаа за цел прегледување, оценување, евалуирање на малите проекти кои беа изработувани во период март-април.