Вести од граѓанските оргранизации
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
Средно Водно исчистено од отпадоци
Светскиот ден на животната средина, 5 јуни, го одбележаа група млади од различна етничка припадност со спроведување на акцијата за чистење на отпадот на Средно Водно. Ним им се придружија и дел од граѓаните кои веќе беа на падините на Водно.
Барање на понуди: Изработка на веб апликација со база на податоци
Здружението за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ (DeSo), го спроведува проектот „е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество (ГО) во Република Македонија“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.
СЕММ апелира на одговорност и коректно известување за изборите
Со почетокот на изборната кампања во Република Македонија, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.
МАКЕДОНИЈА ЧИСТА ЗА 1 ДЕН – ВКЛУЧИ СЕ ВО НАЈГОЛЕМАТА ЕКО АКЦИЈА!
Сакаш почиста и позелена Македонија?
Ако сакаш да бидеш дел од тимот што ќе придонесе за тоа, тогаш ПРИДРУЖИ СЕ, заедно да ја исчистиме Македонија!
Биди и ти волонтер во најголемата еколошка акција во нашата земја!
КАКО?
ПХВ театарска претстава
Во рамките на ЦКА ПХВ неделата која традиционално се одбележува од 21 до 27 септември, волонтерите од Kлуб на млади при Црвен крст на град Скопје на 13.11.2016г. (недела) во Драмски театар ја изведоа театарската претстава „Приказна за една идеја“. Преку изведбата волонтерите ја доближија приказната за формирањето на Црвениот крст, принципите, женевските конвенции , со акцент на ликот и делото на нобеловецот Анри Динан.
Презентација на Водич во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници
Националната мрежа против насилство врз жени и семeјно насилство со задоволство ги поканува сите заинтересирани на презентација на Водичот во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници, која ќе се одржи на 30.05.2016 година, понеделник од 10:00 часот во Хотел Порта, Скопје.