[Aggregator] Downloaded image for imported item #43714

ЈУБИЛЕЕН КОНКУРС ЗА ГОДИШНИ НАГРАДИ НА ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) годинава ќе додели три награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2025 година.

1.За наградата за животно дело кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Освен личните податоци на кандидатот и кратка биографија, во пријавата се доставува и образложение за остварувањата на кандидатот кои што оставиле посебна трага во македонското новинарство.

2. Кандидатите за годишната награда за истражувачко новинарство се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Медиумските продукти треба да бидат сериозни новинарски истражувања објавени во текот на 2025 година во медиумите во Македонија, посветени на важни прашања за пошироката заедница. Приказните треба да откриваат злоупотреби на власта и моќта, како и кршење на човековите права и слободи. Тие треба да бидат оригинални и поткрепени со факти проверени од разни извори на информации.

3. Кандидатите за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2025 година потребно е да работат или да се ангажирани во локални и регионални медиуми или пак да се дописници на национални медиуми во државата, надвор од градот Скопје. Пријавата и за оваа категорија може да биде поднесена од самиот новинар или по предлог на тројца новинари.

Во апликацијата за наградата за истражувачко новинарство и новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2025 година потребно е да се наведе функционален линк од објавата, а доколку се доставува лично во канцелариите на ЗНМ материјалот треба да биде испечатен или снимен на USB. Пријавите за овие категории на награди треба да содржат најмногу до два новинарски продукти кои се објавени во текот на минатата година.

Пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 26 јануари (понеделник) 2026 година и тоа:

– На електронска пошта: contact@znm.org.mk, лице за контакт: Елизабета Стојановиќ – 02/3298-139.

Предметот на електронската порака треба да биде „ЗА ЗНМ НАГРАДА 2025“ а секој апликант ќе добие повратна порака за прием.

– Препорачана пошта, адресирани до: Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, РСМ или

Пријавите треба да бидат означени: „За ЗНМ НАГРАДА 2025“ во предметот на електронската порака или напишано на ковертот.

На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за другите две (за најдобрата истражувачка сторија и за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2025 година наградените ќе добијат плакета, како и парични награди во износ од 1.000 евра по награда во денарска противредност.

Изборот на добитниците ќе го изврши Комисија за доделување на наградите на ЗНМ.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

    Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување…

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

  • Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

    Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор