B2756906 adc3 4eb4 a3fd 1afbfaf756d8 1600x900

Јашари: Податоците се горивото на целата дигитална трансформација

На веб-страниците на општините, услуги се нудат само на ниво на онлајн формулар, кој потоа треба да се испечати, па да се оди да се однесе на шалтер. Целосната дигитализација значи работата да може да се заврши и тоа е нешто на што сите треба да се фокусираме, рече Јашари

Фото: Мета.мк

Дигитализацијата не е само технички процес, туку длабока општествена промена што директно влијае врз граѓаните, институциите и економијата. Без стандарди, квалитетни податоци и дигитални вештини, не може да се зборува за одржлива и безбедна дигитална трансформација, беше порачано на денешната Панел 3 дискусија – Е-владеење, посветена на поефикасни електронски услуги, намалување на бирократијата и усогласување со дигиталните стандарди на Европската Унија. Оваа сесија беше дел од настанот „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“, во организација на Mинистерството за дигитална трансформација.

На панелот учествуваа претставници од институциите, бизнис-секторот и граѓанското општество, кои се согласија дека Македонија има јасна стратегиска насока, но дека имплементацијата сè уште заостанува зад очекувањата.

Извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, нагласи дека дигитализацијата мора да значи целосно завршување на услугата онлајн, а не само формално присуство на Интернет.

Фото: Meта.мк

„Дигитализацијата влијае и на граѓаните и на начинот на кој се обликува нашето општество. Затоа нашата работа во Фондација „Метаморфозис“ се темели на многу аспекти, но ќе издвојам два од нив – адаптација и учење. Граѓаните треба да се стекнат со дигитални вештини, кои ќе им овозможат безбедно да ги користат новите технологии и второ, работиме со институциите за новите технологии да се користат на начин од кој ќе имаме бенефит сите. Тука се фокусираме на работа – создавање стратегии, но и работа со институциите да ги дигитализираат податоците. Сега со вештачката интелигенција, податоците се горивото на целата дигитална трансформација и без стандарди не можеме да зборуваме за одржлива и безбедна дигитална трансформација“, истакна Јашари.

Тој потенцира дека националната стратегија за ИКТ дава јасни насоки за тоа, кон каде се движиме и истата има амбициозни цели.

„Во еден од приоритетите се вели дека услугите ќе се даваат по електронски пат, т. е. ќе се дигитализираат. Тие целосно треба да се дигитализираат. На веб-страниците на општините, тие се нудат само на ниво на онлајн формулар, кој потоа треба да се испечати, па да се оди да се однесе на шалтер. Целосната дигитализација значи работата да може да се заврши и тоа е работа на која сите треба да се фокусираме“, рече тој.

Друг аспект според Јашари, е отвореноста на податоците.

„Треба да се бираат податочни сетови кои се од голема вредност и за бизнисите и за граѓаните. Од нив треба да се направат нови услуги, а важно е во процесот на консултации со граѓаните да бидат прашани, кои услуги прво да се дигитализираат оти на тој начин тие ќе може да учествуваат во селекцијата за тоа, кои услуги да се дигитализираат. Во исто време и ќе учествуваат и во проценката на нивниот квалитет“, заврши Јашари.

Од аспект на технолошките решенија, директорот на „Некстсенс“, Васко Кроневски, посочи дека клучот на успехот е воведувањето на услуги од доверба и електронска идентификација, споредливи со „електронски пасош“ во дигиталниот свет. Тој нагласи дека секоја институција мора да биде одговорна за точноста на податоците што ги води и да помине низ сертификација за да стане „извор од доверба“. Според него, воспоставувањето на доверливи регистри и забрзувањето на платформите за интероперабилност се предуслов за меѓусебно признавање на трансакциите со ЕУ и интеграција на Македонија во европскиот дигитален пазар.

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓеорѓиевски, укажа на практичните проблеми со кои се соочува бизнис-заедницата, особено поради недостигот од човечки ресурси во институциите. Тој истакна дека компаниите и граѓаните сè уште мора физички да прибираат и нотарски да заверуваат документи од повеќе институции, што го забавува целиот процес.

„Со вистинска дигитализација, документите би се разменувале со еден клик, што би значело огромно олеснување за бизнисот“, рече Ѓеорѓиевски.

Сличен став изнесе и извршната директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска-Блажевски, која потенцираше дека дигиталното треба да биде стандард, па дури и единствен начин за добивање услуги.

„Ако аплицираме електронски, а чекаме 15 дена за одговор, тоа значи дека позадински процесите не се сменети. Мора да се оди кон целосна автоматизација“, нагласи таа.

Линк до оргиналната објава: Јашари: Податоците се горивото на целата дигитална трансформација

The post Јашари: Податоците се горивото на целата дигитална трансформација first appeared on Metamorphosis.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

  • Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво

    Во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, во Прилеп  се одржа Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво на кој учество зедоа градоначалниците на Општина Прилеп и Општина Крушево, членови на советите на двете општини, претставници на локални здруженија, младински активисти и млади од Прилеп и Крушево. 

  • Предновогодиншна волонтерска забава

    На 26.12.2025год. (петок) во просториите на Младиснкиот Центар Матично во Скопје, се одржа традиционалната предновогодиншна волонтерска забава организирана од страна на Сојуз на извидници на Македонија . На оваа забава имаше гости од страна на секој одред во државава, а воедно од нашиот одред учество земаа 15 членови. The post…

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективиза Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена наподигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадениза време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025 година, ворамки на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор