Design.jpg

Индекс на отвореност: Започна деветиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт

Започна деветиот бран на мерење на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот на Западен Балкан, односно Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, преку Индексот на отвореност. Мерењето го спроведува мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот „Искористување на технологијата за промовирање на институционална одговорност и транспарентност“.

Индексот на отвореност претставува композитен показател којшто веќе осум години по ред го определува степенот на отвореност на државните институции од Западен Балкан кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните од Западен Балкан добиваат погодни и разбирливи информации од институциите.

За да се измери степенот на институционалната отвореност, партнерите од ACTION SEE мрежата, следејќи ги меѓународните стандарди, препораки, како и примери на добри практики, ги мониторираат институциите според посебни квантитативни и квалитативни показатели, како на пример: пристап до информации на официјалните веб страници на институциите, квалитетот на правната рамка за одделни прашања, други извори на информирање на јавноста, објавени податоци за работењето на институцијата, јавните набавки, информации за трошењето на јавни пари, итн.

Врз основа на осмиот бран на мерења кој се спроведе во текот на 2024 година, се изработија публикациите „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку Индексот на отвореност“ и „Процена на доброто владеење на законодавната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност“ кои даваат детален приказ на отвореноста на одделните институции, и содржат конкретни препораки и чекори за подобрување на отвореноста на истите.

Проектот „Искористување на технологијата за промовирање на институционална одговорност и транспарентност“ го спроведува Центар за демокраска транзиција (Црна Гора) во партнерство со Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“, Граѓанско здружение Зошто не? (Босна и Херцеговина) и Партнери за демократски промени Србија (Србија), со финансиска поддршка на Национален фонд за демократија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

  • Граѓанскиот ресурсен центар во 2025

    Зад нас е година исполнета со соработка, ангажман и заедничко дејствување, во која граѓанските организации беа во фокусот на активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, редовно споделувајќи информации, јакнејќи ги нивните капацитети и поддржувајќи процеси релевантни за развојот на граѓанското општество. Во изминатата година, Граѓанскиот ресурсен центар постигна значајни резултати преку бројни активности спроведени за и со граѓанските организации.

  • Граѓанските организации во 2025 продолжија да го менуваат општеството

    Време е за уште едно сумирање на направеното, кое веруваме ќе ни даде на сите причини зошто вреди да продолжиме уште погласно и поодлучно во новата 2026 година. Годината што ја завршуваме беше година на предизвици, но и на солидарност, поврзување и конкретни резултати. Нашата сила останува во заедништвото – кога граѓанските организации, граѓаните и институциите се отвораат за дијалог, се создава простор за промена.

  • Соработка и вклученоста носат одржливи антикорупциски резултати

    МЦМС учествуваше на Конференцијата на државите-страни на УНКАК
    Единаесеттата сесија на Конференцијата на државите-страни на УНКАК (COSP11) се одржа во Доха, Катар, во периодот од 15 до 19 декември 2025 година. Конференцијата беше организирана од државата Катар, во тесна координација со Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC). МЦМС беше дел настанот преку учеството на Александар Кржаловски и Снежана Камиловска Трповска.

  • Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво

    Во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, во Прилеп  се одржа Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво на кој учество зедоа градоначалниците на Општина Прилеп и Општина Крушево, членови на советите на двете општини, претставници на локални здруженија, младински активисти и млади од Прилеп и Крушево. 

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор