Screenshot 801 1024x759

Граѓански организации и медиуми беа дел од работилницата „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги на ЕУ?“

На 16 јануари 2025 година, во Скопје, во организација на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, се одржа работилницата „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги на ЕУ?“, наменета за граѓански организации и медиуми, а во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“.

Во Западен Балкан, усогласувањето со Законот за дигитални услуги (Digital Services Act – DSA) на Европската Унија е клучно за создавање побезбеден онлајн простор. Земјите веќе работат на усогласувањето, а владите, граѓанскиот сектор и технолошките компании мора да соработуваат за да изградат регионален пристап кој ги зајакнува дигиталните права и ги почитува демократските вредности.

Говорничките Данче Даниловска-Бајдевска, директор на програми во Фондација Метаморфозис и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист, дадоа преглед на европскиот Закон за дигитални услови, зборуваа за неговата улога во заштитата на фундаменталните права и борбата против говорот на омраза и дезинформациите, но и за влијанието на законот на граѓанските организации и медиумите.

„Станува збор за сет на правила кои ги штитат корисниците, го поттикнуваат демократскиот напредок и ја зајакнуваат довербата во дигиталните услуги. Со овој закон, Европската Унија поставува глобален стандард за праведен и сигурен интернет за сите. Според некои политичари во Брисел, DSA ќе внесе ред во дигиталниот ‘Див Запад’. Затоа е важно да се разбере што содржи овој закон на ЕУ“, истакнаа говорничките на работилницата. На настанот беа презентирани и наодите од анализата за влијанието на Законот за дигитални услуги на ЕУ на правната рамка во Северна Македонија.

Според анализата, најзначајниот национален документ што го појаснува усогласувањето на националното законодавство со регулативите и политиките на ЕУ е Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА).

За усогласување со DSA, сепак, ќе биде потребна координирана работа на неколку министерства и усогласување на повеќе македонски закони, како законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за медиуми, за електронски комуникации, за заштита на личните податоци, за електронска трговија, за спречување и заштита од дискриминација и многу други.

Проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ има за цел да ги унапреди стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и да придонесе за негова успешна интеграција во единствениот дигитален пазар. Оваа иницијатива претставува заеднички напор за справување со нееднаквите стандарди за дигитални права во земјите од Западен Балкан преку пристап на вклучување на повеќе засегнати страни за да се постигнат значајни промени. Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in TechKosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • СРЕДБА СО ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ ВО с. КАНАТЛАРЦИ

    На 30 ноември 2025 година, во с. Канатларци,  организирaвме средба со жените и младите девојки од локалната заедница. Настанот претставуваше важен дел од активностите за воспоставување дијалог помеѓу жените и локалните власти, со цел да се идентификуваат потребите и предлозите на жените за подобрување на локалната средина и економското јакнење. Средбата беше интерактивна, динамична и…

  • Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.07.2025 до 30.09.2025

    Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници. Овој мониторинг се спроведува во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој Хелсиншкиот комитет го […]
    Read More… from Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.07.2025 до 30.09.2025
    The post Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.07.2025 до 30.09.2025 appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Меѓународен ден на лица со попреченост: Градење инклузивно општество за социјален напредок

    На 3 декември, светот го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост – ден кога се потсетуваме дека правата, еднаквоста и достоинството мора да бидат достапни за сите. Започнувајќи од 1992 година, овој датум претставува глобален повик за акција против бариерите со кои се соочуваат луѓето  со попреченост во секојдневниот живот. Одбележувањето на Денот на […]
    Read More… from Меѓународен ден на лица со попреченост: Градење инклузивно општество за социјален напредок
    The post Меѓународен ден на лица со попреченост: Градење инклузивно општество за социјален напредок appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Како да го направиме следниот чекор кон родово сензитивни услуги?

    Ја отворивме темата за тоа дали постојните програми за намалување на штети навистина ги адресираат родовите разлики кај младите. Одиме чекор понатаму — од проценка кон конкретни насоки. Водич за креирање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги нуди практични алатки за организациите што работат со млади, жени, ЛГБТИ лица, […]
    The post Како да го направиме следниот чекор кон родово сензитивни услуги? appeared first on ХОПС.

  • Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион

    Граѓанскиот ресурсен центар, во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, објавува отворен повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за:

    Североисточниот,
    Вардарскиот и
    Југоисточниот плански регион.

  • Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес

    Целта на оваа активност не е само еднократна финансиска помош, туку создавање на безбедно опкружување и структура за долгорочен развој на малите медиуми од локално и специфично значење. Локалните медиуми се најранливиот сегмент во медиумскиот пејзаж, соочувајќи се со бројни предизвици во споредба со големите национални куќи. Сепак, токму овие медиуми се клучни бидејќи ги […]
    The post Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес first appeared on Metamorphosis.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор