20191210 132550 Platforma Bpk 1

Антикорупциската платформа бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници.

Предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки претставуваат сериозно уназадување на заштитата од корупција во услови кога според оценките на сите релевантни меѓународни и домашни чинители корупцијата во јавните набавки е широко распространета. Наместо, според препораките, да се зајакнува управната контрола и да се проширува опфатот на тендери кои ќе бидат контролирани врз основа на постојните „црвени знаменца“ за ризици од корупција, оваа контрола се укинува без каков и да е аргумент. Воведувањето на т.н. административна проверка наликува на стариот механизам кој веќе се применуваше и беше предмет на многу контроверзи и критики од сите релевантни институции.

Дополнително, иако еднаш веќе беше повлечен предлогот, повторно се предвидува престанок на мандатите на претседателот и на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки, без да бидат исполнети услови за разрешување и без какви и да се јавни консултации. Ваквиот упад во работата на институциите кои по својот модел треба да бидат независни од централната власт, претставува опасен преседан и води кон дополнителна партизација на институциите.

Особено загрижува моментот кога се предлагаат овие и низа други измени во Законот, односно при историски највисок буџет, нови задолжувања и секојдневни индиции за злоупотреба на јавните пари, со што ваквите измени се чекор назад во градење на систем кој може да ја спречува и ефективно да ја санкционира корупцијата.

Воедно, при какви било намери за измени на законската регулатива од доменот на јавните набавки, инсистираме да се организира консултативен процес во кој ќе учествуваат сите надлежни институции како Бирото за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки, Министерството за финансии, Државната комисија за спречување на корупцијата и граѓанските организации кои работат на антикорупциска проблематика.

Повторно укажуваме дека практиката на донесување законски измени во скратена постапка, без консултативен процес, особено за решенија кои може да влијаат негативно врз борбата против корупцијата, е неприфатлива и спротивна на европските заложби за демократско, инклузивно и стручно креирање на јавните политики.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • СРЕДБА СО ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ ВО с. КАНАТЛАРЦИ

    На 30 ноември 2025 година, во с. Канатларци,  организирaвме средба со жените и младите девојки од локалната заедница. Настанот претставуваше важен дел од активностите за воспоставување дијалог помеѓу жените и локалните власти, со цел да се идентификуваат потребите и предлозите на жените за подобрување на локалната средина и економското јакнење. Средбата беше интерактивна, динамична и…

  • Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.07.2025 до 30.09.2025

    Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници. Овој мониторинг се спроведува во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој Хелсиншкиот комитет го […]
    Read More… from Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.07.2025 до 30.09.2025
    The post Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.07.2025 до 30.09.2025 appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Меѓународен ден на лица со попреченост: Градење инклузивно општество за социјален напредок

    На 3 декември, светот го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост – ден кога се потсетуваме дека правата, еднаквоста и достоинството мора да бидат достапни за сите. Започнувајќи од 1992 година, овој датум претставува глобален повик за акција против бариерите со кои се соочуваат луѓето  со попреченост во секојдневниот живот. Одбележувањето на Денот на […]
    Read More… from Меѓународен ден на лица со попреченост: Градење инклузивно општество за социјален напредок
    The post Меѓународен ден на лица со попреченост: Градење инклузивно општество за социјален напредок appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Како да го направиме следниот чекор кон родово сензитивни услуги?

    Ја отворивме темата за тоа дали постојните програми за намалување на штети навистина ги адресираат родовите разлики кај младите. Одиме чекор понатаму — од проценка кон конкретни насоки. Водич за креирање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги нуди практични алатки за организациите што работат со млади, жени, ЛГБТИ лица, […]
    The post Како да го направиме следниот чекор кон родово сензитивни услуги? appeared first on ХОПС.

  • Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион

    Граѓанскиот ресурсен центар, во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, објавува отворен повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за:

    Североисточниот,
    Вардарскиот и
    Југоисточниот плански регион.

  • Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес

    Целта на оваа активност не е само еднократна финансиска помош, туку создавање на безбедно опкружување и структура за долгорочен развој на малите медиуми од локално и специфично значење. Локалните медиуми се најранливиот сегмент во медиумскиот пејзаж, соочувајќи се со бројни предизвици во споредба со големите национални куќи. Сепак, токму овие медиуми се клучни бидејќи ги […]
    The post Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес first appeared on Metamorphosis.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор