fbpx
x
Мени
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Здружение ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Stronger Together, Association for Support of People Living with HIV
2013
Здружение
Андреј Сених, извршен директор
4080013541173
6921035
ул. „Васко Карајанов“ бр. 2/4, 1000 Скопје, Р.С. Македонија
Центар
Скопски
Бојан Ковски, координатор за комуникации, +389 75 322 554, bkovski@zp.mk
+38978235632

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ се води од визијата за општество во кое луѓето што живеат со ХИВ имаат достоинствен и исполнет живот, ослободени од стегите на стигмата и дискриминацијата и во кое имаат непречен пристап до сеопфатна здравствена грижа, лекување и терапија во врска со ХИВ, како и во врска со други здравствени состојби, во согласност со најсовремените достигнувања на науката.
ЗАЕДНО ПОСИЛНИ дејствува за зајакнување на луѓето што живеат со ХИВ како рамноправни членови на општеството, за почитување на нивното достоинство и за остварување на нивните здравствени и човекови права.
ЗАЕДНО ПОСИЛНИ посебно се залага за континуиран пристап до современа антиретровирусна терапија и сеопфатен третман за ХИВ и за состојби поврзани или неповрзани со ХИВ, во согласност со најсовремените достигнувања на науката.
Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје со своето делување настојува да ги оствари следниве специфични цели:

- Зајакнување на луѓето што живеат со ХИВ за да можат да се справуваат со предизвиците што ги носат здравствените и социјалните аспекти на ХИВ-инфекцијата;
- Искоренување на стигмата и дискриминацијата кон луѓето што живеат со ХИВ и оние што на друг начин се засегнати од ХИВ во сите сегменти на општественото живеење;
- Обезбедување самопомош, меѓусебна поддршка, солидарност, грижа и надворешна поддршка за луѓето што живеат со ХИВ и нивните блиски;
- Обезбедување квалитетен и достоинствен живот за луѓето што живеат со ХИВ;
- Обезбедување поголемо учество на луѓето со ХИВ во решавањето на сите прашања што ги засегаат, во согласност со Денверските принципи од 1983 година, меѓународно признаениот принцип GIPA од 1994 година, како и во согласност со целокупната светска традиција на активизмот на луѓето со ХИВ и СИДА во борбата за човекови права, за изнаоѓање и усовршување на терапиите и лекувањето и за универзален пристап до нив;
- Подобрување на квалитетот и достапноста на расположливите здравствени услуги и сервиси за луѓето што живеат со ХИВ;
- Обезбедување навремен и континуиран пристап до современа и квалитетна антиретровирусна терапија и сеопфатно лекување и здравствена нега за луѓето што живеат со ХИВ, во согласност со најсовремените достигнувања на науката;
- Унапредување и заштита на граѓанските, здравствените, сексуалните и репродуктивните права, како и останатите човекови права на луѓето што живеат со ХИВ во сите сегменти на општественото живеење.

Здравје и здравствена заштита

Лезбеjска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална заедница (ЛГБТИ)

Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)

Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)

Информирање (на пр. градење свест)

Истражување

ЛГБТИ

Лица со болести

Нема ресурси од оваа организација
Нема настани од оваа организација
Нема вести од оваа организација