Здружението е основано со цел да се изгради социо-професионален капацитет и да се обезбеди мрежно поврзување помеѓу жените во деловниот сектор на локално, регионално, национално и меѓународно ниво, со зајакнување на капацитети за развој на сопствениот бизнис. Мотивирање и зајакнување на младите за започнување на сопствен бизнис преку обуки и мотивирачки соработки со веќе изградените претприемачки и нивните успешни приказни. Нашите активности се ориентирани кон подобрување на конкурентноста на локалните и регионалните бизниси со жени, преку идентификување на различни можности и потреби и искористување на расположливите домашни и странски ресурси (партнери, знаење, нови пазари, капитал, технологија). Преку нашите активности успеавме да мотивираме повеќе од 100 млади, креативни и иновативни социјално претприемачки ориенрирани девојки, со наше активно учество во градењето на платформата ФЕМТЕРПРИСЕ. Организираме обуки за унапредување на претприемачките вештини кај жените, со посебен акцент на личниот раст иразвој, како и кариерното усовршување.
Вработување
Деца, млади и студенти
Развој на граѓанско општество
Родови прашања
Транспарентност
Човекови права
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)
Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)
Информирање (на пр. градење свест)
Банки и претпријатија (деловен сектор)
Граѓански организации
Жени
Невработени
Претприемачи
Рурално население
Други маргинализирани групи