fbpx
x
Мени
Центар за регионални истражувања и соработка „Студиорум“

Центар за регионални истражувања и соработка „Студиорум“

Центар за регионални истражувања и соработка „Студиорум“
ЦРИС Студиорум
Centre for Regional Policy Research and Cooperation “Studiorum”
CRPRC Studiorum
2002
Здружение
Томе Груевски, претседател
4030002435510
5609593
Никола Парапунов бр. 41, п.фах 24, 1020 Скопје, Република Македонија
Ул. Никола Парапунов бр. 41, 1000 Скопје
Карпош
Јасминка Радошевиќ, Административен асистент, jasminka@studiorum.org.mk
+ 389 2 3065 837
+389 2 3065 837

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ е невладина непрофитна истражувачка организација (тинк тенк) која работи на економските и социјалните аспекти на ЕУ интеграцијата од значење за Република Македонија и земјите од Југоисточна Европа. Оваа мисија се реализира преку различни програми и истражувачки проекти насочени кон применетите политики, кои придонесуваат кон обидите на носителите на одлуки во дизајнирањето и реализацијата на применетите политики, како и преку поддршка на централната и локалните власти, бизнис и граѓанскиот сектор во нивната комуникација и соработка.

Студиорум е формиран во февруари 2002 година, како независна истражувачка тинк-тенк организација. Оттогаш, Студиорум има изработено голем број истражувачки проекти и анализи на применети политики, во области релевантни за ЕУ интеграциските процеси; еден од проектите кој е се уште активен е издавањето на Списанието за европски прашања „Евродијалог“, кое се занимава со теоретски и применети аспекти на ЕУ интеграцијата на Македонија и другите земји од ЈИЕ. Списанието е достапно на: www.studiorum.org.mk и www.ceeol.com.

Како независна тинк-тенк организација, Студиорум обезбедува средства главно преку проектни грантови.

Здравје и здравствена заштита

Развој на граѓанско општество

Човекови права

Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)

Информирање (на пр. градење свест)

Истражување

Општа јавност (сите граѓани)