Институтот за комуникациски студии (ИКС) е основан од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во 2013 година. Институтот е водечка научно-истражувачка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. ИКС во Македонија има двоен фокус: со академските и применетите истражувања да ја унапредува науката и да им биде поддршка на практичарите; и преку постдипломските студии да изгради мрежа на млади истражувачи кои ќе ги зајакнуваат столбовите на овие научни дисциплини.
Информации, комуникации и медиуми
Образование, наука и истражување
Развој на граѓанско општество
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)
Истражување
Општа јавност (сите граѓани)
Граѓански организации
Државни и јавни институции и/или службеници
Експерти од одредена област
Медиуми
Млади и студенти
Образовни институции