Долгорочни цели на Здружението се:
1.Спасување на луѓе, добиток и материјални добра, во планина во различни временски услови.
2. Потрага и спасување.
3. Здравство, унапредување на здравјето и медицинска грижа.
4. Итна медицина со воздухоплов.
5. Пребарување на планински области и терени во различни временски услови.
6. Спасување од карпи и непристапни терени како клисури, кањони, пропасти и сл.
7. Извлекување на луѓе и материјални добра од карпест и непристапен терен.
8. Мониторинг за опасност од шумски пожари и други еколошки катастрофи.
9. Евакуација на луѓе и други добра од непристапни терени при елементарни непогоди.
10. Доставување храна, санитетски материјал, медицинска помош и други добра до отсечени населени места во зимски услови и други непогоди.
11. Пребарување, спасување и укажување прва помош при елементарни катастрофи (земјотреси, поплави, лавини од поголем интензитет, одрони на земја, блокирани планински патишта и сл).
12. Пребарување, спасување и укажување прва помош при сообраќајни незгоди со поголем обем (авионски, железнички, патни и други несреќи на планински или непристапен терен).
13. Спасување на луѓе и добра во индустриски објекти (непристапни места, кранови, фабрички оџаци, силоси, брани, мостови, рудници и сл).
14. Спасување на луѓе и добра на непристапни места во урбана средина (кровови, фасади, мостови, лифтови, бунари, обиди за самоубиство и сл).
15. Спасување на туристи во скијачките центри (повредени скијачи, евакуација на луѓе од блокирани гондоли, жичари, други интервенции на жичниците, настрадани во лавина и сл), како и едукација на локалниот персонал за основните подготвителни постапки за спасување и прва помош.
16. Спасување на лица вработени во шумските стопанства, како и нивна подршка и едукација за постапки при различни ситуации.
17. Подршка на екипите на Електростопанство, Телеком, Радиодифузијата, Водостопанството и сл, при потреба од интервенции на непристапни терени или во неповолни временски прилики.
18. Снимање и фотографирање.
19. Издавање стручна литература.
20. Издавање пропагандни материјали за превентивно делување против несреќите од ваков вид и превземање правилни постапки при истите.
21. Едукација на населението, вработените во индустријата и стопанството, за превземање правилни постапки при елементарни катастрофи и несреќи од ваков тип.
22. Поставување систем на известителни точки низ територијата на Р. Македонија.
23. Поврзување со останатите регионални и светски служби од сличен карактер за вклучување во глобалниот нот руф систем и други.
24. Развој на етиката и моралот.
Друго
Здравје и здравствена заштита
Градење инфраструктура
Друго