fbpx
x
Мени

Упатство за користење на платформата на Civica

Е-платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија

Општата цел на проектот е да се зголеми и подобри употребата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во промовирањето на работата, соработката и развојот на ГО во Република Македонија. Е-платформата е креирана со цел да се зголеми и подобри употребата на ИКТ во работата на ГО со што ќе се овозможи и позначително влијание врз нивните корисници и конституенти. Се очекува Е-платформата да обезбеди кумулација на знаење и информациии кои ќе бидат од изворедно значење во голем број на области во кои работат ГО (од животна средина и енергетска ефикасност, преку органоско производство, до права на маргинализирани заедници, и недискриминација).

Во периодот до јануари 2017 се креираа првите функционалности на Е-платформата. Преку истите ГО во Република Македонија ќе може да бидат повидливи и поинформирани. Со почетните функционалности може : да се уредува профилот на организацијата, да се поставуваат прашања кон Цивика, да се додаваат настани, да се додаваат различни типови на ресурси, пребарување на организации низ адресарот. Понатаму Е-платформата ќе се дополнува со други функционалности кои ќе бидат од голема корист во секојдневното работење на ГО, по што ќе следи и прирачник за новите функционалности.

Во прилог следат конкретни насоки за користење на Е-платформата на Цивика мобилитас со детални објаснувања придружени со слики.

  1. Најава/регистрација

    Е-платформата на
    Civica Mobilitas е креирана на тој начин што е едноставна за користење и секоја возрасна група би можела да се прилагоди. Не е потребно претходно предзнаење за да може да ја користите платформата. Како иден корисник, доколку не ви е јасно користењето на некоја од функционалностите, може да се раководите според нашиот прирачник за употреба.

За почеток регистрацијата на вашата организација на платформата на Civica Mobilitas може да ја направите во горниот десен агол на почетната страна (Слика бр.1)
Слика 1
slika1

 

При регистрација потребно е да пополнат податоци за организацијата.

  • Во делот на корисничко име потребно е да изберете име кое ќе го користите при влез на вашиот профил.
  • Потребно е да изберете лозинка која ќе ја користите при влез во профилот
  • Целосниот назив на организацијата (како што сте заведени во Централниот регистар) (Слика бр.2 )

 

Слика 2

slika2

  • Избор на типови на активности. Може да изберете повеќе активности
  • Избор на вашите целни групи кои се ваш таргет на работење (Слика бр.3)

 

Слика 3

slika3

 

  • Откако ќе ги пополните сите податоци може да се регистрирате со кликање на копчето регистрација (Слика бр.4)

Слика 4

slika4

Доколку сте веќе регистрирани, може да се најавите по претходно одбрување од администраторот.

 

  1. Најава

По успешна регистрација, може да се најавите со внесување на нашето корисничко име и лозника во делот најава (Слика бр.5)

Слика 5

slika5

 

  1. Уредување на профил

    Откако ќе се најавите на вашиот профил, со избирање на опцијата – Уреди профил, може да го уредите со додавање на податоци за вашата организација. (Слика бр.6)

Ажурирањето на вашиот профил ќе ви даде можност да пренесете точни информации за вас. При избор на сектор на дејствување, типови на активности, целни групи и ниво на дејствување може да одберете повеќе опции кои веќе погоре во делот на регистрација ги објаснивме.

Слика 6

slika6

Уредувањето на вашиот профил може да го направите и преку пополнување на опционалните полиња.

  • Кратенка која ја распознавање на вашата организација на македонски и англиски јазик
  • Целосен назив на организацијата на друг локален јазик, доколку има (Слика бр.7)

Слика 7
slika7

  • Едно од важните полиња е RSS feed, преку кој би се повлекувале вести од вашата веб страната (Слика бр.8)

Слика 8

slika8

Доколу вашата веб страна нема rss feed, може да објавите ваша вест преку избирање на опцијата – додади вест. (Слика 9)

Слика 9

slika9

  • Избирање на типот на грат кој го имате добиено од Civica Mobilitas ( Институционален, акциски, Мал акциски, Ад-хок или Специфичен акциски грант)
  • Потврдување на направените промени со избор на копчето Update profile (Слика бр.10)

Слика 10

slika10

Покрај ова, може да додадете и слика со кликање на фотоапаратот во кругот и избор на Update photo. Имате ограничување од 5 мегабајти. (Слика бр.11)
Слика 11

slika11

  1. Прашај ја Цивика


Опцијата –
Прашај Ја Цивика ви овозможува да поставите прашање кон Civica Mobilitas. (Слика бр.12). Пред да поставите прашање, може да проверите во прашања и одговори кои се достапни и видливи за сите и да видете доколку тоа прашање е веќе поставено и одговорено.

Слика 12

slika12

Во наслов на тикет може да го ставите предметот на прашањето, а во долниот дел да го пишете прашањето кое сакате да го поставите (Слика бр.13). Откако ќе биде одговорено прашањето од страна на администраторот, ќе ви пристигне известување на меил.

Слика 13

slika13

  1. Додади настан

Опцијата – додади настан, ви овозможува да додадете настан организиран од страна на вашата организација (Слика бр.14)
Слика 14
slika14

Потребно е во празниот простор да ги внесете следните информации

  1. Насловот на настанот

  2. Датум и време на започнување на настанот и датум и време на завршување на настанот (доколку станува збор за целодневен настан во тој случај кај часот ќе означите 00:00).

  3. Локација- тука може да го пишете градот, областа на оддржување.

  4. Место- одреден локал, галерија, конференциска сала итн.

  5. Контакт- во овој дел потребно е да се внесе контакт број на лице кое ќе може да даде информации во врска со настанот.

  6. Јавен/приватен настан – во зависност од тоа дали настанот е од отворен или затворен карактер, избирате една од двете опции. Доколку ја изберете опцијата јавен, настанот ќе биде отворен за сите. Доколку ја изберете опцијата затворен, во тој случај настанот ќе биде видлив само за грантистите на Civica Mobilitas.

  7. Информации за настанот- краток опис за каков настан станува збор (дебата, обука, промоција итн. ) и други релевантни информации во врска со настанот ( модератори, тема, учесници, таргет група итн.)

  8. По додавањето на настан, истиот треба да ви биде одбрен од администраторот. Откако истиот ќе биде одобрен, ќе се најде како дел од менито на почетната страна : вести —> настани, каде ќе имате преглед на сите настани за конкретниот месец

Во продолжение може да ја погледнете слика бр.15 на која е даден пример за настан.

Слика 15

slika15

  1. Додади ресурс

Со избирање на опцијата-додади ресурс, може да додадете некој од следниве типови ресурси: видео, аудио, публикација, презентација, промотивен материјал и датабаза (Слика бр.16)

Слика 16

slika16

 

Постапката за додавање на ресурси е преку пополнување на следните полиња (Слика бр.16)

  1. наслов на ресурс
  2. сектор на делувањеизбор на сектори за кој е релевантен прикачениот ресурс.
  3. опис на ресурс- краток опис на содржината на прикачениот ресурс.
  4. клучни зборови поврзани со ресурсот, односно клучни зборови за пребарување на бараниот ресурс.
  5. избирање на некоја од опциите за каков тип на ресурс станува збор : видео, аудио, публикација, презентација, промотивен материјал и датабаза.
  6. линк до ресурс – URL линк до ресурсот.

На крајот, прикачувањето на ресурс го финализирате со кликање на копчето додади ресурс. Во продолжение ви даваме пример за додавање на ресурс (слика бр.17)
Слика 17
slika17

Прикачените ресурси, по претходно одобрување од страна на администраторот ќе може да ги видите со избирање на опцијата ресурси на почетната страна.

 

  1. Сметка

Оваа опција ви овозможува да имате увид во вашето корисничко име и меил кој се користи за влез во платформата на Civica Mobilitas (Слика бр.18)

Слика 18

slika18

Покрај ова, имате можност да ја промените лозинката преку изборот на * и со внесување на моменталната и потврда на новата лозинка (Слика бр.19)

Слика 19

slika19

  1. Адресар

Со изборот на оваа опција може да ги пребарувате сите организации кои се веќе регистрирани на платформата на Civica Mobilitas или пак да се регистрирате како организација (Слика бр.20). Можете да пребарувате по различни категории како:

  1. општина
  2. регион
  3. сектор на дејствување и
  4. целни групи.

 

Слика 20

slika20

Во прилог е пример на пребарани организации по категорија општина (пр. Битола)

Слика 21

slika21