ВОДИЧ ВО ТЕРМИНОЛОГИЈАТА ЗА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ
Проектот на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“,е имплементиран со поддршка на програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ). Општа цел на проектот е унапредување на соработката на граѓанските организации и медиумите во насока на подигнување […]