fbpx
x
Мени

Национални механизми за заштита на човековите права

Целта на овој прирачник е да придонесе кон поефикасно и поефективно остварување на заштитата на правата на граѓаните и другите лица на територијата на Република Македонија, преку давање на широк спектар на можните механизми на дејствување, како и да даде поддршка на развојот на националната инфраструктура за заштита на човековите права и слободи.

Судската ефикасност во заштита на човековите права во предметите од областа на корупцијата

Оваа анализа произлегува и е дел од програмските активности на Коалицијата „Сите за правично судење“ во чии рамки во текот на 2010 година се набљудуваа судски постапки по предметите од областа на корупцијата во Република Македонија. Главна цел на истражувањето беше да се согледаат актуелните состојби и да се извлечат одредени заклучоци и препораки за […]

Јавност и транспарентност во судските постапки од областа на изборните нерегуларности

Правниот систем на Република Македонија во однос на постапувањето по изборните нерегуларности предвидува два канали за институционален одговор. Првиот канал е постапката за заштита на избирачките права која се води пред изборните органи и претставува интегрален дел од изборниот процес, а вториот канал е казнено – правниот одговор, кој е облик на судска заштита на […]

Просперитет и здравје на жената ромка – пат кон предизвици

Предмет на истражувањето е испитување на моменталната состојба и приоритетните проблеми на жените Ромки при пристапот до здравствената заштита. Цели на истражување: преку мониторинг да се утврди големината и основните видови проблеми со кој се соочуваат жените ромки од аспект на здравствената заштита, социо-економските фактори и нивната поврзаност со организираните здравствени услуги, со цел да […]

Достапност до здравствената заштита во текот на бременоста во Република Македонија – имаат ли сите жени еднаков пристап?

Здружението Национален ромски центар, во рамките на проектните активности,, Преку засилен глас до подобри здравствени услуги- продолжување” во периодот од октомври 2014 година до октомври 2015 година интензивно работеше на истражување поврзано со здравствената заштита на припадничките на ромската заедница во репродуктивниот период.

Подобрување на учеството на помалите етнички заедници на локално ниво: Извештај од истражување

Културната различност во Република Македонија е вградена во фундаменталните одредби за државноста, и нејзината заштита и промоција, е поддржана од процесот за интеграција во Европската унија и во НАТО. Заштитата и промоцијата на правата на различните етнички заедници се загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија. Сепак, интеграцијата на помалите етнички заедници во економската, […]

Заштита на укажувачите можности и практика

Оваа публикација е финален продукт на проектот “Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество” што е дел од програмата за поддршка на граѓански организации финансирана од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија. Основна цел на проектот беше застапување и поттикнување на државата да воспостави правна и институционалната рамка […]

Заштитата на децата во Република Македонија

Исконска цел на постоењето на човекот, неговата сегашност и иднината се поврзани со децата, суштества кои го осмислуваат и обновуваат животот. Го започнуваат животот на овој свет голи, единствени со прекрасната убавина и совршеност на сопствената голотија. Оригинален начин да се зачекори во животот, во непознатото и во иднината. Само младоста може да ја разубави […]

Прва детска амбасада во светот Меѓаши: 20 години за децата

Не беше лесно да се трасира патот на новото светско детско движење во Македонија наречено Прва детска амбасада во светот – Меѓаши. Секако пионерските зафати во промоцијата на детската кауза и најдобрите интереси на децата не секогаш наидуваа на разбирање и допираа до светот на возрасните. Но, ние во Амбасадата Меѓаши втемеливме нови и поинакви вредности. Ја подигнавме јавната свест за значењето […]

Водич за инспекторите низ законот за безбедност на храната

Во декември 2010 година донесен е нов Закон за безбедност на храната. Со донесувањето на Законот формирана е Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Агенцијата е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице. Таа е правен наследник на Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство. Со имплементацијата на Законот треба […]

1 2 3