fbpx
x
Мени

Извештај од истражување: Примена на асистивна технологија во 31 редовно основно училиште во Македонија

Истражувањето претставено во овој извештај ги прикажува искуствата на 31 редовно основно училиште од Македонија кои користат асистивна технологија во наставата. Воведувањето и употребата на асистивна технологија беше овозможено од Проектот за е-пристаппно образование на УСАИД, спроведен од здружението Отворете ги прозорците во периодот февруари 2010 – јуни 2015 година. Истражувањето дава приказ на три […]

Извештај од истражување: Средните училишта во Македонија и асистивната технологија

Во овој извештај се претставени клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето за потребите од примена на асистивната технологија во наставата во средните училишта во Македонија. Податоците се однесуваат на учебната 2013/14 година. Пред истражувањето беа поставени две цели: 1) да се документира состојбата во средните училишта во поглед на примената на компјутерите како алатка […]

Улогата на асистивната технологија во процесот на индивидуализација на наставата во инклузивните училишта

Пред Вас е прирачникот за процена на потребите од асистивна технологија во инклузивните училиште. Идејата за креирање на еден ваков прирачник произлезе од актуелните состојби и потреби во нашето образование. Инклузијата и компјутеризацијата на наставата се процеси што се случуваат во нашиот воспитно-образовен систем. Процеси што ги вклучуваат учениците со посебни образовни потреби. Задача на […]

Преглед на добри практики : Скопје, мај 2015 година Примена на асистивната технологија во редовното образование во Македонија и Австрија

Ова истражуваење се однесува на искуствата на 31 редовно основно училиште во Македонија кои применуваат асистивна технологија во наставата. Воведувањето и примената на асистивната технологија беше овозможено во рамките на Проектот за е пристапно образование, спроведуван во периодот февруари 2010 – јуни 2015 година.