Истражување за примената на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите
Недоволно познавање на новинарите на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Само 50% од анкетираните новинари се целосно запознаени со ова свое право. Новинарите ја оценуваат достапноста до информациите од јавен карактер како тешка, и тоа делумно или целосно. Притоа, ниту еден од анкетираните не оценил дека пристапот до информациите е лесен.